Во Собранието ќе се одржат седници на повеќе собраниски комисии, на кои ќе се разгледуваат прашања од различни области.
Седница ќе одржи Комисијата за одбрана и безбедност, а ќе заседава и Законодавно-правната комисија.
Во Собранието ќе се одржат седници на повеќе собраниски комисии, на кои ќе се разгледуваат прашања од различни области.
Седница ќе одржи Комисијата за одбрана и безбедност, а ќе заседава и Законодавно-правната комисија.
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен, ветер од северозападен правец.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Актерот Петре Арсовски е годинешен добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, која Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) ја доделува за исклучителен придонес кон македонската кинематографија.
Во изложбениот салон „Империјал 2“ при Културно-информативниот центар во Скопје отворена е самостојната изложба „Хоризонт на светлината“ на уметникот и дизајнер Марк Јанура.
Украинските сили пријавија нови напади длабоко на руска територија, овојпат врз логистички центар во Тамбовската област. Експлозии и пожари се пријавени и во окупираните Луганск и Крим.
Москва возвраќа со удари врз украинската инфраструктура.
Најмалку 14 новороденчиња загинаа во пожар во акушерско одделение во Исламабад. Спасено е само едно бебе од државната болница. Според властите, пожарот избувнал по експлозија на компресор од климатизер.
Во Гевгелија е отворен Центар за дневен престој на стари лица со активно стареење, кој ќе обезбедува социјална поддршка, дружење и различни активности за лица над 65 години. Центарот има капацитет за 50 корисници и ќе работи пет дена во неделата.
Голем број издавачи на соби, апартмани и викендички од Дојран беа присутни на интерактивната работилница во рамките на кампањата „Фер туризам започнува со пријавен данок“. Се интересираа на начинот и условите, но и висината на данокот на доход што треба да го платат во УЈП.
Пожарите го загадуваат воздухот, а последиците директно се одразуваат врз здравјето на луѓето. Во охридскиот регион, еден од најголемите еколошки проблеми е депонијата „Буково“, која постојано тлее и чади, а неодамна повторно беше опожарена.
Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициски службеници лишиле од слобода 12 возачи поради „безобѕирно управување со возило“.