Гори на неколку локации во државата. Осум пожари на отворен простор-регистрираат надлежните. Најкритично и натаму во ловиштето Јасен.
Известува Ана Јосифоска.
Гори на неколку локации во државата. Осум пожари на отворен простор-регистрираат надлежните. Најкритично и натаму во ловиштето Јасен.
Известува Ана Јосифоска.
Армијата го слави 33-от роденден, три децении исполнети храброст, решителност посветеност во служба на државата. Централната прослава се одржа во Штип.
Бензините поевтинуваат за половина денар, а цената на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство се намалува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Здружението на инженери поднесе иницијатива до Уставниот суд за укинување на членот 31 од правилата за снабдување со електрична енергија и за преиспитување на делови од член 185 од новиот Закон за енергетика.
УХМР најавува дека утре ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Од среда до петок ќе преовладува претежно стабилно време со пораст на дневните температури.
Масовни протести во Израел. Запрете ја војната или соочете се со бунт дома-стотици илјади луѓе излегоа на улиците на Тел Авив осудувајќи ги одлуките на премиерот Нетанјаху за продолжување на војната во Газа.
Синоќа во рамките на драмската програма на „Охридско лето“ се одигра македонската премиера на театарската претстава „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме, своето не го даваме“ од Душан Јовановиќ а во режија на Иван Пеновиќ.
Македонската армија го слави својот 33-ти роденден. Речиси пет и пол години и како оружена сила на земја-членка на НАТО, гарант на безбедноста и интегритетот на државата.
Централната свеченост се одржува во касарната „Јане Сандански“ во Штип.
Во Вашингтон нов обид за постигнување мировен договор за Украина. Прво тет-а – тет средба Зеленски-Трамп, а потоа на маса и клучните европските лидери предводени од шефицата на ЕК, Фон дер Лајен.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица заради учество во масовна тепачка на улицата „Славеј Планина“, од кои едно се товари за обид да изврши кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19, едно за нанесување тешка телесна повреда