Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера оствари средба со амбасадорката на Украина во Скопје, Лариса Дир, информираат од Министерството.
Вести
-
Македонија 19.08.2025 13:50
-
Македонија 19.08.2025 13:31
Течат подготовките за новата учебна година, пристигнаа дел од учебниците
Училиштата се подготвуваат за новата учебна година. Се извршуваат вообичаените хигиенско-технички активности. Дел од новите учебници до трето одделение пристигаат. Останатите се очекуваат до први септември. Но, не сите учебници ќе бидат заменети.
-
Македонија 19.08.2025 13:25
Почнаа уписите за новата академска година на УКЛО
Стартуваа уписите за новата академска година и на универзитетот „Климент Охридски“. Можностите за двојни дипломи, брзото вработување и стипендиите се дел од придобивките на студентите при УКЛО.
-
Македонија 19.08.2025 13:21
Почнаа уписите на факултетите
Почнува уписот на бруцоши на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Има над 9.700 слободни места. Денеска и утре е прво пријавување. Идните студенти, освен електронски, документите треба и хартиено да ги достават на студентски прашања.
Известува Ана Јосифоска
-
Македонија 19.08.2025 13:17
Поранешната антикорупционерка Ивановска на распит во Обвинителството
Поранешната претседателка на Антикорупциска Билјана Ивановска денеска се појави во Јавното обвинителство во врска со кривичната пријава поднесена против неа.
-
Македонија 19.08.2025 13:14
Два потписа за кандидатура за власта е прифатливо
Не стивнуваат реакциите по одлуката на Државната изборна комисија да бидат доволни само два граѓански потписа за да може независните кандидати за советници и градоначалници да учествуваат на локалните избори.
Дел од независните, сепак, подготвуваат терен за формирање партија.
-
Свет 19.08.2025 13:00
Нови инциденти на антивладиниот протест во Србија
Солзавец, димни бомби и апсења во Белград. Нови инциденти на антивладиниот протест во Србија. Иако почна мирно, ситуацијата ескалираше кога група млади лица, се одвои од толпата и почна да ги каменува просториите на владејачката партија во главниот град.
-
Македонија 19.08.2025 12:46
Велес, центарот на транзитен туризам - градот со двојно повеќе посети од лани
Најбројни се туристите од Србија, па Романија и Унгарија. Нивниот просек на престој е нешто повеќе од еден ден, што говори дека тоа се транзитни туристи, кои се на минување за или од одмор во Грција. Тие престојуваат една ноќ во некои од хотелите во градот и го продолжуваат патот.
-
Свет 19.08.2025 12:31
Трамп иницира трилатерална средба со Путин и Зеленски
Средбата во Белата куќа меѓу Трамп и Зеленски заедно со европските лидери и генералниот секретар на НАТО ги отвори вратите за трилатерален состанок за ставање крај на конфликтот во Украина.
-
Свет 19.08.2025 12:06
Интензивирани нападите во Газа
Израелските воздушни сили ги интензивираат нападите во градот Газа додека палестинските власти обвинуваат за немилосрдното страдање на населението од бомбите и принудното гладување. Ерусалим потврди дека го добил одговорот од Хамас за најновиот предлог од арапските посредници за прекин на огнот.










