Вести
-
Економија 22.04.2025 13:30
Поделени мислења за објавените цени на интернет
Колку се функционални веб-страниците на трговците во поглед на објавувањето на цените на производите? Дали пребарувањето одзема многу време, наместо да го олесни купувањето? Кои се ставовите на информатичарите и граѓаните за новата законска обврска на маркетите. -
Македонија 22.04.2025 13:17
Дебата за придобивките од реформската агенда 2024 – 2027
На собраниската Комисија за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции, дебата за придобивките од реформската агенда 2024 – 2027 година. Во фокусот, можностите за забрзување на процесот на интеграција во Европската унија и зајакнување на клучните институции.
-
Македонија 22.04.2025 12:46
Терапија за онколошките пациенти до крајот на неделава
Лековите за онколошките пациенти до крајот на неделава ќе бидат доставени на Клиниката за радиотерапија и онкологија, информираат од Клиниката. Тече рокот за жалби и предметот на јавна набавка во моментот е во Државната комисија за жалби по јавни набавки.
-
Македонија 22.04.2025 12:35
Сотировски: За време на папата Франциск нагорна линија во сите области на соработка со Ватикан
Реформатор со нов приод во дебатата за горливи светски прашања, гласен за правата на маргинализираните и сиромашните. Ја промовираше и зајакнуваше и положбата на жената во црквата, со тоа и во општеството.
-
Свет 22.04.2025 12:34
Папата Франциск ќе биде погребан в сабота
Папата Франциск ќе биде погребан в сабота на 26-ти април, објави Ватикан.
-
Македонија 22.04.2025 12:22
Се разгледуваат можности за изградба на нов саемски комплекс во Скопје
Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, денеска одржа работна средба со претставници на „Скопски саем“, на која дискутираа за потребата и важноста од изградба на нов саемски комплекс во Скопје.
-
Македонија 22.04.2025 12:17
Обвинителството отвори предмет за ширењето на пепелта од РЕК Битола
Обвинителството отвори предмет за ширењето на пепелта од РЕК Битола за да се испита дали при одлагањето на депонијата се почитува добиената а интегрирана еколошка дозвола, главниот рударски проект и другите прописи од областа на заштитата на животна средина.
-
Македонија 22.04.2025 12:14
Сиљановска Давкова: Папата Франциск ќе го помнам по исклучителниот ум, мудрост, топлина и едноставност
Претседателката Гордан Сиљановска Давкова, по смртта на папата Франциск на својата Фејсбук страница напиша дека по четириесетината минути незаборавен разговор, ќе го памети по исклучителниот ум, мудрост, топлина и едноставност.
-
Македонија 22.04.2025 12:05
2.252 сообраќајни прекршоци во празничниот викенд, 1.018 за брзо возење
Во текот на празничните денови (18-21.04.2025) продолжувајќи со континуираните сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи издале вкупно 2.252 платни налози за сторени прекршоци од страна на учесниците во сообраќајот претежно по однос
-
Свет 22.04.2025 11:43
Египет и Катар со нов предлог за примирје во Појасот Газа
Египет и Катар со нов предлог за примирје во Газа кој вклучува прекин на огнот меѓу пет и седум години, целосно израелско повлекување од енклавата и размена на заложници за затвореници.










