Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе достигне 26 степени.
Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе достигне 26 степени.
На граничните премини Табановце и Богородица од доцна попладнево времето на чекање за влез во државата изнесува околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Понеделник, време за ручек. Празникот го подиспразни Скопје. Улиците го немаат вообичаениот метеж. Овој господин, не можеше да го дочека зеленото светло за пешаци за да помине. Не виде опасност да прејде на другата страна и на црвено.
Се огласија камбаните низ католичките цркви во земјава – верниците со молитви за покојниот Папа Франциск. Скопскиот бискуп ги повика сите свештеници, монашки заедници и верници да се обединат во лична молитва. Ден пред погребот ќе се служи света литургија задушница за Папата Фрањо.
Празен стол во Ватикан, период на седиваканција во слободен превод, кога во Ватикан настапува периодот без Папа. Во настанатата состојба, папските овластувања не се пренесуваат никому. Со Католичката црква управува кардиналскиот собор.
Почна да се гради паркот во Струмица кој треба ја намали аерозагаденоста во ова општина. Со пари од ЕУ но и од УНДП во населбата Карпош треба да никне парк на површина од околу 40 илјади квадратни метри место каде првично се планираше трговски центар.
Рекорден број на интервенции во првите три месеци бележи битолската територијална противпожарна единица во однос на истиот период од изминатите години. Битолските пожарникари интервенирале во просек по три пати на ден.
На 12 километри од Куманово, од левата страна на реката Пчиња се наоѓа Орашац. Село со само 290 жители, но со бројни свети храмови.
Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи во Прилеп и очекуваме, салите во Центарот за култура „Марко Цепенков“ и во Театарот да бидат оспособени и да се надминат безбедносните проблеми, велат од најреномираниот театарски фестивал кој ги следи состојбите со затворените сал
Христијанските храмови преполни со верници, се слави втор ден Велигден – светлиот понеделник. Ова е почетокот на светлата недела кога се прославува победата на животот и радоста над смртта. Така е и во храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје.