Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информира дека целосно е исчистена дивата депонија зад катната гаража во Буњаковец, во близина на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“.
Вести
-
Македонија 09.04.2025 14:02
-
Македонија 09.04.2025 13:21
Синдикатите на средба во Владата
На состанок во Владата се повикани претставници од Сојузот на синдикатите на Македонија. Пред почетокот на состанокот, изјавија дека се повикани во Владата, но дека немаат информација за што ќе се разговара.
-
Македонија 09.04.2025 13:19
Четворица од повредените се враќаат од странство
Четири пациенти од трагедијата во Кочани се враќаат од странство. Во медицински центри надвор од земјава остануваат уште 60 од повредените. Каква е состојбата?
Андријана Ѓурческа известува.
-
Македонија 09.04.2025 13:15
Се бара притвор за директорот на Геријатрија
За приведениот директор на Геријатрија, Мухсин Арифи, Обвинителството бара притвор. Барал мито од неколку илјади вера. Веќе има наредба за спроведување на истражна постапка против две лица во овој случај.
Повеќе детали за овој случај од Марина Стојанова - Тонева.
-
Економија 09.04.2025 13:01
Горивата поевтинуваат од 2 до 2,5 денари за литар
Дизел горивата и бензинот Еуросупер БС – 95 од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 2 денари по литар, а цената на бензинот Еуросупер БС-98 се намалува за 2,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
-
Македонија 09.04.2025 12:38
Финансиска полиција спроведува акција во кумановската фирма „Пин Петрол“
Финансиската полиција спроведува акција во кумановската фирма „Пин Петрол“. Од таму за МТВ потврдија дека претресот се спроведува под сомнение за проневера на пари, а биле должни да ги исплаќаат кон Јавното претпријатие за државни патишта.
-
Македонија 09.04.2025 12:38
Продолжува судењето против Мерко
Со сослушување сведоци, вработени до општина Струга, а обезбедени со полициска асистенција, продолжи судскиот процес против градоначалникот Рамиз Мерко за набавката на луксузниот автомобил „Ауди А6“, вреден 66 илјади евра и уште три други возила.
-
Свет 09.04.2025 12:32
Стотици жртви и повредени откако се урна кров на ноќен клуб во Доминиканската Република
Доминиканска Република завиена во црно. Стотици жртви и повредени во стравотната трагедија откако се сруши покрив за време на концерт во ноќниот клуб „Џет Сет“ во Санто Доминго.
-
Свет 09.04.2025 12:06
Генерален штрајк во Грција
Генерален штрајк во Грција. Во прекин се јавните услуги, траектите останаа на пристаништата, летовите се приземјени, а јавниот превоз е со скратено работно време.
24-часовниот штрајк е на повик на главните синдикати кои ги покриваат јавниот и приватниот сектор.
-
Македонија 09.04.2025 12:02
Двајца осомничени за примање поткуп за болничко згрижување на лице
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, од кои едното е осомничено за кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 5 во врска со став 2 од Кривичниот законик, а друг










