По периодот на опаѓање откао американскиот претседател ги воведе царинските тарифи, американските акции забележаа значителен скок за време на вчерашното тргување.
Вести
-
Економија 10.04.2025 08:53
-
Македонија 10.04.2025 08:50
На комисиска расправа измените и дополнувањата на Законот за управување со конфискуван имот
Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на чиј дневен ред е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, во второ читање.
-
Свет 10.04.2025 08:40
Киев цел на руски напади
Киев повторно цел на руски дронови. Москва обвинува за украински удари врз енергетски капацитети, одбиен напад врз компресорска станица во Кубан. Украина соопшти дека Русија почнала нова офанзива на североистокот на земјата, забележани се двојно повеќе напади во сите правци на фронтот.
-
Македонија 10.04.2025 08:24
Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ.
-
Македонија 10.04.2025 08:16
Јаневска на промоција на новата Стратегија за образование на возрасните 2025-2030
Денеска во Музејот на македонската борба за самостојност, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, ќе се обрати на промоцијата на новата Стратегија за образование на возрасните 2025-2030.
Настанот е во организација на ЈУ Центар за образование на возрасните.
-
Култура 10.04.2025 08:14
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во работна посета на Општина Прилеп
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков заедно со државниот секретар Марија С. Ѓоргова, денеска ќе престојуваат во работна посета на Општина Прилеп.
-
Македонија 10.04.2025 08:11
Сиљановска-Давкова ќе ја прими Уршка Клакочар Зупанчиќ, претседателка на Државниот збор на Република Словенија
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе ја прими претседателката на Државниот збор на Република Словенија, Уршка Клакочар Зупанчиќ.
Уршка Клакочар Зупанчиќ од вчера престојува во прва официјална посета на нашата земја.
-
Свет 10.04.2025 08:10
Трамп објави 90-дневна пауза на царините за над 75 земји
Американскиот претседател Трамп објави 90-дневна пауза на царините за над 75 земји, наградувајќи ги затоа што не возвратиле со контрамерки, но ја зголеми давачката за кинескиот увоз на 125 насто, откако Пекинг му зададе удар на Вашингтон со 84 насто царини за увозот од САД.
-
Македонија 10.04.2025 08:08
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има локален дожд, а на повисоките планини повремен слаб снег. Ќе дува умерен, а во источните делови и долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.
-
Свет 10.04.2025 07:49
Над 150 луѓе спасени, расте бројот на загинати по уривањето на кровот во ноќниот клуб во Доминиканска Република
Расте бројот на загинати по уривањето на кровот во ноќниот клуб во главниот град на Доминиканската Република. Над 150 луѓе се спасени од под урнатините. На екипите ќе им бидат потребни дополнителни 24 до 36 часа да ја завршат потрагата додека теренот се расчистува со тешка механизација.










