Русија изврши масовен напад со беспилотни летала врз Харков, предизвикувајќи повеќе пожари. Има повредени.
Вести
-
Свет 09.04.2025 10:11
-
Македонија 09.04.2025 09:58
Претрес во охридско, пронајдена дрога, приведено едно лице
На 08.04.2025 во 11.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Х.Б.(26) од с. Косел, охридско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана и други предмети со остатоци од марихуана.
-
Свет 09.04.2025 09:40
Претставници на САД и Русија утре на средба во Истанбул
Претставници на САД и Русија ќе одржат средба на 10-ти април во Истанбул со цел обновување на активностите на дипломатските мисии, кои беа значително намалени по руската инвазија во Украина, соопшти Стејт департментот.
-
Свет 09.04.2025 09:37
Нов пакет тарифи на САД
Остар пад бележат азиските берзи откако американскиот претседател воведе дополнителни царини на кинески увозни производи. Сите стоки од Кина подлежат на тарифа од најмалку 104 проценти.
-
Македонија 09.04.2025 09:29
Утрово најстудено на Попова Шапка
Минусни температури утрово забележани се насекаде низ Македонија.
Најстудено со измерени-10 степени е на Попова Шапка, а по него следува и Маврови Анови со-8 степени, информираат од УХМР.
-
Свет 09.04.2025 09:05
Расте бројот на загинати во ноќниот клуб во Санто Доминго
Најмалку 100 загинати и повеќе од 150 повредени откако се урна покрив во ноќен клуб во главниот град на Доминиканската Република, Санто Доминго.
Според официјални лица, меѓу жртвите се и гувернерот на провинцијата.
-
Економија 09.04.2025 09:03
Усвоена дополнета Среднорочна програма за стоковните резерви – ќе се складираат 1.300 тони ориз
Во Собранието вчера беше усвоена Програмата за дополнување на Среднорочната програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви, предложена од Министерството за финансии.
-
Култура 09.04.2025 08:46
„Мапирање на спокојот“ - изложба на акварели од Јана Андреевска
„Мапирање на спокојот“ е насловена изложбата на акварели на композиторката Јана Андреевска, која вечер од 20 часот ќе биде отворена во Културно-информативниот центар-Скопје.
-
Свет 09.04.2025 08:23
Трамп воведе дополнителни царини од 84 насто на сите кинески увозни производи
Американскиот претседател воведе дополнителни царини од 84 насто на сите кинески увозни производи, објави Белата куќа. Сите стоки од Кина подлежат на тарифа од најмалку 104 проценти. Од Пекинг изјавија дека не се плашат и ќе се борат до крај.
-
Македонија 09.04.2025 08:18
Претседателката на Државниот збор на Република Словенија денеска и утре ќе престојува во прва официјална посета на земјава
Претседателката на Државниот збор на Република Словенија, Уршка Клакочар Зупанчиќ денеска и утре ќе престојува во прва официјална посета на Северна Македонија.









