Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на Алехандро Зотнер Мејер, новоименуваниот амбасадор на Аргентинската Република, со седиште во Софија.
Вести
-
Македонија 28.02.2025 15:01
-
Економија 28.02.2025 14:46
Македонија го достигна историски највисокото ниво на странски директни инвестиции
Во 2024 година, вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 1 милијарда и 255 милиони евра, а растот во последниот 4-ти квартал на минатата година е цели 400 милиони евра што за Македонија и регионот е најдобар економски резултат, објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.
-
Македонија 28.02.2025 14:21
Средба Мицкоски- Ердоган, ќе се основа Совет за соработка на високо ниво
Премиерот Христијан Мицкоски денеска е во посета на Турција, каде оствари средба со претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Како што објави премиерот на социјалните мрежи, на средбата е потврдена заедничка посветеност за зајакнување на стратешкото партнерство меѓу двете земји.
-
Македонија 28.02.2025 14:18
СВР Скопје со нови 98 полициски службеници ќе се грижи за безбедноста на граѓаните
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во посета на СВР Скопје каде им врачи решенија на новите полициски службеници кои досега беа приправници и се распоредени во рамките на најголемиот сектор за внатрешни работи – Скопје.
-
Култура 28.02.2025 14:02
97-ми ОСКАРИ ексклузивно на МТВ
Македонската Телевизија ексклузивно ќе го прикажува 97-то доделување на Оскарите, најпрестижните филмски награди во светот, на 2 март 2025 година, во ноќта недела на понеделник.
-
Македонија 28.02.2025 13:28
Одбележување на Светскиот ден на ретки болести
Да се подигне јавната свест за предизвиците со кои се соочуваат лицата со ретки болести, да се унапредат политиките за нивна подобра интеграција во општеството, бараат од Националната алијанса за ретки болести.
Известува Марија Котовска
-
Економија 28.02.2025 13:23
Инспекторите проверуваат дали се намалени цените
Дали маркетите ги почитуваат мерките на Владата за замрзнати цени и ограничени маржи? Државниот пазарен инспекторат ќе спроведе контрола во над 1.000 трговски објекти до крајот на неделава.
-
Македонија 28.02.2025 13:18
Се чека предлогот за смена на Коцевски
Обвинителката Наташа Крстевска – Цалевска останува да раководи со скопското Вишо јавно обвинителство барем до следната седница на Советот на јавни обвинители. Каква одлука беше донесена и дали Советот го добил владиниот предлог за разрешување на државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски?
-
Македонија 28.02.2025 13:12
Во првата половина од март интерпелација за членовите на Судскиот совет, најави Гаши
Во првата половина на март, собраниска седница за интерпелациите за 5-те члена на Судскиот совет. Спикерот Гаши на редовен брифинг со новинарите.
Известува Марина Стојанова-Тонева
-
Македонија 28.02.2025 12:58
Димитриеска- Кочоска: Немав намера да навредам никого
Ја разбирам хистеријата која СДС и нивните ботови ја шират околу мојот политички дуел во Собранието со Славјанка Петровска, напиша министерката Димитриеска-Кочоска на Фејсбук.










