Убиен син на поранешен функционер на ДУИ, двајца ранети во престрелка што синоќа се случила на потегот помеѓу Чаир и Бутел. Во инцидентот учествувале повеќемина. Има и приведени...
Известува Ирина Гелевска
Убиен син на поранешен функционер на ДУИ, двајца ранети во престрелка што синоќа се случила на потегот помеѓу Чаир и Бутел. Во инцидентот учествувале повеќемина. Има и приведени...
Известува Ирина Гелевска
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради обид да изврши кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Сојузот на борците од НОБ и други граѓаните поднесоа иницијатива за оценка на уставноста на одлуката на Советот на општина Тетово за преименување улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти во градот.
Граѓаните знаат дека можат да ја тужат државата, бидејќи дишат загаден воздух, но од октомври до сега никој не го искористил своето право. Некои се оптимисти дека работите ќе почнат да се средуваат, други се сомневаат во исходот.
Еден убиен, тројца ранети и четворица уапсени е билансот од вооружената престрелка доцна синоќа во Чаир. Според МВР, престрелката се случила околу полноќ на паркингот пред продавница кај аутлет трговски центар во Топанско поле.
Прекинот на огнот на Блискиот Исток на стаклени нозе. Хамас да ги ослободи сите заложници до сабота напладне или ќе се соочи со пекол, се закани американскиот претседател Трамп. Не одговори директно на прашањето дали тоа ќе значи и американска воена интервенција во Газа.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во скопската општина Чаир, каде во оружен инцидент ноќеска беше убиено едно лице, а две беа повредени, соопштија од ОЈО.
Едно лице е убиено, а едно е повредено во престрелка што синоќа се случила во Топанско поле во Скопје.
Повреденото лице е во стабилна состојба, а според неофицијалните информации убиениот и повредениот се на возраст од околу 35 години.
Состанок на воени претставници и експерти за одбрана на маргините на глобалниот самит за вештачка интелигенција во Париз. Дискутирано за тоа како технологијата на вештачка интелигенција брзо влијае на одбраната и војувањето, вклучително и на фронтот во Украина.
Меморандум за соработка во областите енергија, вода и отпад, денеска во Атина ќе потпишат Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) и Грчката регулаторна комисија за енергија, вода и управување со отпад (РААЕ