Научивме дека полицијата е повеќе од сила, таа е присуство кое носи мир во хаосот и сигурност во неизвесноста. Нашата мисија е да градиме мостови онаму каде што има ѕидови, рече најдобриот кандидат во генерацијата.
Вести
-
Македонија 25.01.2025 13:51
-
Македонија 25.01.2025 13:39
Екстремно аерозагадување потврдија мерните станици во Битола
Неколку последователни денови, регистрирано е присуство на штетни ПМ10 честички над дозволеното. Од Општината велат инспекторите се на терен, се вршат засилени инспекциски надзори. Констатирано е дека загревањето и сообраќајот се најголеми загадувачи.
-
Македонија 25.01.2025 13:32
Енормно аерозагадување во Охридскиот регион, виновна депонијата Буково
Синоќа мерните станици во Охрид измерија рекордни 470 мг ПМ 10 честички на м3. Преку ден има релативно чист воздух, но од 18 часот се вклучува алармот за енормно загадување на воздухот. Градот опкружен со планини и езеро стана еден од најзагадените во земјава.
-
Свет 25.01.2025 13:01
Хамас ослободи четири израелски заложнички, меѓу нив и Наама Леви
По 15 месеци минати во заробеништво, Хамас ослободи четири израелски заложнички, женски војници. Четирите девојки Карина Ариев, Даниела Гилбоа, Лири Алба и Наама Леви – 19-годишната девојка со македонско, потекло беа предадени на меѓународниот Црвен крст во Газа.
-
Македонија 25.01.2025 12:52
Како да се задржат младите во земјоделството и на нивите?!
Советниците од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството да излезат на терен и да ги помогнат младите земјоделци. Помошта да биде и стручна и административна за користење средства од фондовите.
-
Економија 25.01.2025 12:33
„Божиновска во посета на рудникот САСА – Приоритет се одржливи рударски практики и безбедност на рударите“
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, го посети рудникот САСА, најголемиот подземен рудник за олово и цинк во Македонија, кој произведува приближно 800.000 тони руда годишно.
-
Свет 25.01.2025 12:24
Протести низ Србија, Вучиќ најавува „движење за народот и државата“
„Генералниот штрајк“ во Србија на кој повикаа студентите изнесе на улица илјадници луѓе.
-
Свет 25.01.2025 12:16
Трамп ги посети областите погодени од шумските пожари
Американскиот претседател Доналд Трамп во првото патување откако е на функцијата ги посети областите погодени од шумските пожари и ја потврди поддршката за Калифорнија.
Во опустошениот Лос Анџелес од пожарот се состана со пожарникарите и со градоначалничката.
-
Свет 25.01.2025 12:14
Протести во Словачка против политиката на Фицо
Илјадници Словаци излегоа на нов протест против политиката на владата на премиерот Фицо.
Серија протести наречени „Словачка е Европа“ беше организирана од граѓанската иницијатива „Мир за Украина“. Фицо ги обвини демонстрантите за обид за државен удар.
-
Свет 25.01.2025 12:11
Путин е подготвен да разговара со Трамп, Зеленски обвинува за манипулација
Рускиот претседател вели е отворен за разговори со американскиот колега Трамп, за економијата и енергијата, но прашањето за преговорите со Украина е комплицирано по одлуката на Зеленски во 2022 година да ги исклучи преговорите со Москва.










