Премиерот Мицкоски со шефот на дипломатијата Муцунски, вицепремиерот Меџити и заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков во Вашингтон ќе присуствуваат на инаугурацијата на новиот американски претседател, Доналд Трамп.
Вести
-
Македонија 18.01.2025 13:49
-
Македонија 18.01.2025 13:26
Ноќно скијање на „Нижеполе“
Ноќното скијање на „Нижеполе“ брои сè поголем број посетители. Поради атрактивноста на ова скијање, скијачи од многу страни на Македонија, но и соседството.
По спортувањето, се дава шанса и за комплетен одмор од градскиот метеж, велат посетителите.
-
Македонија 18.01.2025 12:51
Вирусот ја наполни амбулантата на Итната помош
Вирусни инфекции, но и падот на температурите и собирите за новогодишните и божиќните празници, ја наполнија амбулантата на Итната медицинска помош во Куманово. На дневно ниво се бележат од 150 до 200 интервенции информираат здравствените работници.
-
Свет 18.01.2025 12:13
Утре стивнува оружјето во Газа
Неколку часа до стапување во сила на долгоочекуваното примирје меѓу Хамас и Израел. Откако доцна синоќа израелската влада изгласа одобрување на договорот што ќе ја запре 15-месечната крвава војна, прекинот на огнот е планирано да почне утре во 8 часот и 30 минути по локално време.
-
Македонија 18.01.2025 11:51
ДСЗИ не утврди пропусти во лекувањето на деветгодишното дете
Нема пропусти во лекувањето на деветгодишното дете од село Пеширово светиниколско, констатираше Државниот санитарен и здравствен инспекторат, откако изврши вонредни инспекциски надзори во здравствените установи каде било лекувано.
-
Македонија 18.01.2025 11:27
Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици
СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека во недела (19.01.) по повод верскиот празник Водици, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорч
-
Македонија 18.01.2025 11:21
Над 220 граѓани ќе се обидат да го фатат крстот во Скопје
Над 220 граѓани утре ќе се обидат да го фатат Чесниот крст што ќе биде положен во Вардар, на прославата на празникот Богојавление-Водици во Скопје. Манифестацијата традиционално ја организира скопската православна епархија при МПЦ-ОА.
-
Свет 18.01.2025 10:28
Новоизбраниот американски претседател Трамп во понеделник ќе положи заклетва
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе положи заклетва в понеделник во затворен простор во зградата на Капитол поради најавите на метеоролозите за исклучително ниски температури.
-
Македонија 18.01.2025 10:09
Синдикатот на УПОЗ и Владата ќе се сретнат по враќањето на премиерот од САД
Синдикатот на УПОЗ една недела на протести за додатокот на плата од 30 проценти. Владата ја прифаќа поканата за средба, како начин да се стигне до решение.
-
Економија 18.01.2025 09:30
Светската банка предвидува раст на македонската економија
Светска банка ја ревидира прогнозата за растот на македонската економија за 2025 и за 2026 година. Во најновиот извештај за глобалните економски перспективи, се проценува дека економијата во земјава годинава ќе забележи раст од 3 проценти, што е за 0,1 процент повеќе од претходната проекција.










