Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 меметри има во Прилеп, Македонски Брод и на Плетвар. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Вести
-
Македонија 18.01.2025 09:13
-
Македонија 18.01.2025 08:32
Премиерот Мицкоски заминува во САД на инаугурацијата на Доналд Трамп
Премиерот Христијан Мицкоски денеска замининува за САД каде што на 20-ти јануари во Вашингтон ќе присуствува на инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп.
-
Македонија 18.01.2025 08:07
Наутро студено со магла, преку ден сончево
Времето наутро ќе биде студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од-9 до-1, а максималната ќе достигне од 2 до 10 степени.
-
Македонија 17.01.2025 21:41
Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Јапонија
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Јапонија, Сецуко Кавахара.
-
Свет 17.01.2025 21:21
Населението во Кина се намалува веќе трета година по ред
Населението на Кина се намалува трета година по ред во 2024 година, објави денеска Националното биро за статистика во Пекинг.
Овој податок го потврдува трендот на опаѓање по повеќе од шест децении раст.
-
Македонија 17.01.2025 21:05
Симулациска вежба на кандидатите за полициски службеници за одговор на полицијата при природна непогода
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес во Центарот за обука на МВР во Идризово, присуствуваше на симулациска вежба со кандидатите за полициски службеници, за одговор на полицијата по случена природна непогода – земјотрес и нарушување на ЈРМ од поголем обем.
-
Македонија 17.01.2025 20:38
Трајков учествуваше на Првата седница на Националниот совет за евроинтеграции
Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков денес присуствуваше на Првата седница на Националниот Совет за евроинтеграции. На дневен ред беше Извештајот на Европската Комисија за 2024 година.
-
Македонија 17.01.2025 20:17
Директорите на македонската и хрватската Царинска управа договорија унапредување на соработката во борбата против криминалот
Унапредување на соработката со Царинска управа на Република Хрватска сè со цел пожестока борба и сузбивање на организираниот прекуграничен криминал во регионот.
-
Култура 17.01.2025 19:57
Промоција на книгата „Гледна точка” на Јани Бојаџи
На 21 јануари, вторник, со почеток од 19 часот, во Кинотека на Македонија, ќе биде промовирана книгата „Гледна точка“ на авторот Јани Бојаџи, македонски режисер, продуцент и сценарист.
-
Македонија 17.01.2025 19:19
МЖСПП: Со средствата од ЕИБ во Струга ќе се замени азбестно-цементната водоводна мрежа
Во рамки на проектот „Подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија“, обезбедени од Европската инвестициска банка и Владата на Република Северна Македонија, а кои ќе се доделуваат преку Министерството за животна средина и просторно планирање, како неповратни средства на










