Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Н. Е Тимчо Муцунски вчера оствари средба со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Федерална Демократска Република Етиопија, со седиште во Рим, Н.Е. Демиту Хамбиса.
Вести
-
Македонија 15.11.2024 08:42
-
Свет 15.11.2024 08:25
Роберт Кенеди Џуниор нов министер за здравство
Роберт Кенеди џуниор, еколошки активист кој ширел дезинформации за Ковид-19 и вакцините, ќе го предводи Министерството за здравство во новата Влада на Трамп. Кенеди влезе во претседателската кампања како независен кандидат, но се повлече во август и му даде поддршка на Трамп.
-
Свет 15.11.2024 08:25
Загинати и ранети во израелски напад на Дамаск
Најмалку 15 лица загинаа, а 16 се ранети во израелски воздушен напад во луксузниот кварт Мазе во Дамаск, на периферијата на главниот град.
Нападот бил изведен од правец на окупираната Голанска висорамнина, а цел биле станбени згради во населбата Мазе во Дамаск и неговите предградија.
-
Македонија 15.11.2024 08:23
Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози
Сообраќајот кон Пониква и кон с. Бели се одвива непречено, по една коловозна лента. Од страна на граѓани е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини.
-
Македонија 15.11.2024 08:21
Премиерот Мицкоски на состанок за подготовка на новата Рамка за соработка за одржлив развој помеѓу ОН и Македонија
Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ќе присуствува на состанок на високо ниво за подготовка на новата Рамка за соработка за одржлив развој (2026-2030) помеѓу ОН и Република Северна Македонија.
-
Македонија 15.11.2024 08:15
Одбележување на Меѓународниот ден на толеранцијата
Во Собранието денеска ќе се одбележи Меѓународниот ден на толеранцијата. Меѓународниот ден на толеранцијата ќе се одбележи со работилница за деца од повеќе училишта и од различни етнички заедници, преку креирање пораки за толеранција.
-
Македонија 15.11.2024 08:14
Нацрт- измени во Законот за Судски совет
Министерството за правда ја организира првата тркалезна маса за потребата од измени и дополнувања на Законот за Судски совет. Целта е поттикнување стручна расправа за содржината на нацрт-измените, подготвени од работната група на министерството за правда.
-
Македонија 15.11.2024 08:14
Потпишување грант договор меѓу Јапонската амбасада и Општина Могила
Грант договор вреден 68,194 евра ќе биде склучен денеска меѓу Амбасадата на Јапонија и Општина Могила.
-
Македонија 15.11.2024 08:08
Со сослушување сведоци, продолжува судењето за двојното убиство
Со сослушување сведоци, продолжува судењето за двојното убиство на малата Вања и велешанецот Панче. На завчерашното судење, одбраната на Палевски, првоосомничен во случајот, тврдеше дека тој не бегал од државата, бидејќи легално заминал прво во Белград, а потоа и во Турција.
-
Македонија 15.11.2024 08:07
Седница на Комисијата за социјална политика, демографија и млади
Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за социјална политика, демографија и млади.










