ЕВН информира дека денеска без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Мексичка“ во општина Карпош и улицата „40“ во Радишани, општина Бутел.
Од 09:00 до 12:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. „Мексичка“.
ЕВН информира дека денеска без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Мексичка“ во општина Карпош и улицата „40“ во Радишани, општина Бутел.
Од 09:00 до 12:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. „Мексичка“.
Културно-информативниот центар денеска ќе ја одбележи 80-годишнината од ослободувањето на Скопје со настанот „Поетот и градот“. Настанот ќе се одржи во салонот Империјал 2 со почеток во 12 часот.
Во Собранието денеска седници ќе одржат четири комисии – Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и Комисијата за финансирање и буџет.
Две недели по разорните поплави во источна Шпанија, метеоролошката служба издадоа портокалов аларм предупредувајќи ги граѓаните да бидат внимателни поради нови бури и обилни дождови во неколку региони, вклучително и во Валенсија.
Новоизбраниот американски претседател Трамп продолжи со формирање на својот тим назначувајќи ја гувернерката на Јужна Дакота, Кристи Ноем, да раководи со Одделот за домашна безбедност-една од најголемите владини агенции што ќе биде составен дел од неговиот завет дека ќе ја обезбеди границата и ќе
Скопје денеска одбележува 80 години од Денот на ослободувањето во Втората светска војна.
Меѓународните хуманитарни организации дадоа неуспешна оценка на Израел за зголемена испорака на помош во Газа наспроти тврдењата на Вашингтон дека нивните сојузници не ги прекршиле американските закони по истекот на 30-дневниот рок што им го зададоа, и дека нема да го ограничат трансферот на оруж
Сообраќајот кон Пониква и кон с. Бели се одвива непречено, по една коловозна лента. Од страна на граѓани е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини.
Американскиот државен секретар Блинкен во посета на Брисел. Со претставниците на НАТО и на ЕУ ќе разговара за поддршката на Киев во обид да се забрза испораката на помош за Украина пред новоизбраниот американски претседател Трамп да ја преземе функцијата.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе се обрати на отворањето на меѓународниот научен собир „Антифашизмот помеѓу меморијата и заборавот“ во Музејот на македонската борба за самостојност.