Се е подготвено за откупот на тутунот од годинашнава реколта. Десетте регистрирани откупувачи побаруваат 26.000, а тутунарите нудат производство од 17.000 тони тутун. Законскиот рок за почеток е 15-ти ноември, а крајниот – 15 декември.
Вести
-
Економија 11.11.2024 18:48
-
Свет 11.11.2024 18:25
Почна годишниот Самит за климата на ОН во Баку
Во Баку, Азербејџан, почна годишниот Самит за климата на ОН. На врвот на агендата-разговори за земјите кои треба драстично да ги намалат емисиите на стакленички гасови, но и прашањето за новиот финансиски договор што истекува годинава.
-
Македонија 11.11.2024 17:45
Куманово загадено, но ослободувањето го прослави со огномет
Непријатна миризба и чад, но и покачените параметри на мерните станици го потврдуваат аерозагадувањето. Кумановската болница бележи наплив на пациенти со отежнато дишење. Сепак, Куманово со неколкуминутен огномет го прослави ослободувањето на градот.
-
Македонија 11.11.2024 17:11
Загадувањето е двојно поголемо во училиштата и градинките, велат истражувањата
Децата во градинките и во училиштата дишат загаден воздух со супспендирани честички двојно повисоки од максимално дозволената граница од СЗО – покажало истражувањето во пет општини во државава. Констатирано е дека влијае на психофизичкиот развој кај децата, концентрацијата, размислувањето.
-
Економија 11.11.2024 16:44
Мицкоски очекува заедничко решение со банките за каматите на кредитите за компаниите
Премиерот Мицкоски очекува да најде заедничко решение со банките за каматите на кредитите од унгарскиот кредит. Бара ризикот да биде споделен. Им порача на банкарите да бидат општествено одговорни, да не наплаќаат дополнителни трошоци за кредитите.
-
Македонија 11.11.2024 16:10
Собранието ја задолжи Владата да достави акционен план за работа
Собранието ја задолжи Владата во наредните 30 дена да изработи акциски план за правична застапеност на етничките заедници во администрацијата.
-
Македонија 11.11.2024 15:38
Катастарот ги намали цените на услугите, сега се на потег геодетите
Директорот на Катастар, Иван Живковски ја повика Комората на геодети да го следи неговиот пример и да ги намали цените на услугите. Тврди, поевтиниле за 75 проценти, а сега на потег е комората.
-
Македонија 11.11.2024 15:17
Трајков: Младите се највредниот ресурс на една нација - да ги задржиме дома
Заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков, денеска присуствуваше на првиот настан од проектот „Дијалог на граѓанското општество меѓу Македонија и Бугарија“, финансиран од Европската Унија, кој се фокусира на темата „Човечки развој – млади и одлив на мозоци“.
-
Македонија 11.11.2024 15:09
Пропусти при лекувањето на 5-годишното дете кое почина минатата недела
Државниот санитарен и здравствен инспекторат констатираше низа пропусти на Детската клиника при проверката за третманот и лекувањето на петгодишното дете, коешто почина минатата недела. ДСЗИ до министерот ќе иницира постапка за стручен надзор над лекувањето на детето.
-
Македонија 11.11.2024 15:01
Суспендиран обвинителот Хајрулахи
Вишиот скопски јавен обвинител Мустафа Хајрулахи е суспендиран од функцијата. Тој за МТВ вели дека ова е уште еден обид на државниот обвинител Коцевски да изврши притисок врз него и обвинителот Цветановски во врска со случајот за бонусите во СЈО.










