Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во рамки на работната посета на Брисел, денеска ќе учествува на конференцијата „Гласови, избори и лидерство: Пресвртна точка за Европа?“ во организација на тинк-тенкот „Пријатели на Европа“.
Вести
-
Македонија 07.11.2024 08:30
-
Култура 07.11.2024 08:25
Концерт „Моцартовите перипетии“ во Македонска филхармонија
„Моцартовите перипетии“ е насловен концертот на Македонска филхармонија кој ќе се одржи денеска со почеток во 20 часот. На програмата се дела од Моцарт и Чајковски, а како солист и диригент ќе настапи Сергеј Малов од Русија.
-
Македонија 07.11.2024 08:25
Мицкоски ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта
Случувањата во Украина и на Блискиот Исток ќе бидат главни теми на денешниот петти Самит на Европската политичка заедница во Будимпешта, на кој ќе учествува и премиерот Христијан Мицкоски.
-
Македонија 07.11.2024 08:25
Конференција на тема „Поттикнување на општествената вредност преку здравствена заштита“
Третата конференција за здравство, организирана од комитетот на здравство во рамките на Американската стопанска комора во Северна Македонија, ќе се одржи денеска во Скопје.
-
Македонија 07.11.2024 08:23
Лидија Георгиевска избрана за претседателка на Вишиот управен суд
Судскиот совет на денешната 504-та седница за претседател на Вишиот управен суд ја избра судијката Лидија Георгиевска. За претседател на Основен суд Велес советот ја избра судијката Валентина Георгиевска, додека за претседател на Основен суд Струга е избран судијата Вулнет Винца.
-
Свет 07.11.2024 08:20
Германскиот канцелар Шолц го разреши министерот за финансии
Германскиот канцелар Олаф Шолц го разреши министерот за финансии и лидерот на германските либерали Кристијан Линднер, со што владејачката трипартиска коалиција остана без мнозинство во Бундестагот.
-
Македонија 07.11.2024 08:19
Во Уставен иницијатива за барање за измена на патни исправи
Пред Уставниот суд иницијативата од ВМРО-ДПМНЕ со која се оспорува членот 3 од Законот за патни исправи.
-
Македонија 07.11.2024 08:17
Во Собранието седница на три комисии
Во Собранието денеска седница ќе одржат три комисии – Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Комисијата за финансирање и буџет и Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика.
-
Македонија 07.11.2024 08:12
Регистриран слаб земјотрес во близина на Скопје
Земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала утрово е регистиран во близина на Скопје, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
-
Македонија 07.11.2024 08:09
Наутро студено, преку денот сончево
Утрото студено со услови за појава на магла по котлините. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Во Скопје наутро ќе има услови за појава на слаба магла. Преку денот сончево со слаб ветер од јужен правец.










