По короната, граѓаните станаа свесни дека имаат потреба од стручна помош. Начинот на живот троши. На Денот на менталното здравје годинава акцентот е ставен на согорување на работното место.
Известува Наташа Јанчиќ-Менковски
По короната, граѓаните станаа свесни дека имаат потреба од стручна помош. Начинот на живот троши. На Денот на менталното здравје годинава акцентот е ставен на согорување на работното место.
Известува Наташа Јанчиќ-Менковски
Парите од унгарскиот кредит за бизнис-секторот ќе бидат достапни до крајот на годинава. Од државната каса ќе бидат префрлени кон Развојната банка на принцип позајмица. Отчет за 100 дена на функцијата даде министерката за финансии Димитриеска- Кочовска.
Во Куманово средба на министрите за внатрешни работи на Македонија и на Србија, Тошковски и Дачиќ. Тема – мигрантските процеси. Што е договорот меѓу двете земји? Елена Георгиевска го следи настанот.
Балансерот укинат, владини партнери најавуваат нов Закон за правична застапеност. Министерот за администрација Минчев не ја коментира одлуката на Уставен, чека да ја види одлуката за да знаат како ќе се применува.
Известува Анита Димитријевска-Велковска.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС од полноќ се зголемува за 1,254 денари и еден килограм ќе чини 44,034 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Ако не креираме стручно образование по мерка на бизнис заедницата, тогаш сме ја промашиле целта. Нам ни е потребен образовен систем кој ќе биде во функција на задоволување на потребите на општеството, на економијата и индустријата.
Денес, министерот за европски прашања Орхан Муртезани, имаше средба со новоименуваниот амбасадор на Црна Гора во Северна Македонија, Зоран Миљаниќ, на која беше нагласено цврстото билатерално партнерство и сојузништво, особено во однос на европскиот пат на двете земји.
Со повеќе од 200 километри на час, моќниот ураган Милтон удри на југоисточниот брег на Америка. Жителите на Флорида ги почувствуваа климатските промени на сопствена кожа. Сведочеа за бесот на природата откако невремето проследено со силни ветришта и поројни дождови, остави пустош зад себе.
Премиерот Мицкоски во Дубровник на Самитот во Украина се сретна со украинскиот претседател Зеленски. Му изразил поддршка за стремежот за остварување на целта за траен мир.
Во составот на македонската делегација беше и министерот за надворешни Муцунски.