Парагвај заплени повеќе од 4 тони кокаин во вредност од 240 милиони долари, скриен во пратка шеќер наменета за Белгија.
Вести
-
Свет 17.07.2024 09:17
-
Свет 17.07.2024 09:15
Жестоки борби на фронтот во Украина
Жестоки борби на фронтот во Украина. Продолжува и битката со дронови на двете страни. Русија не бара трета светска војна. Западот да ги отстрани санкциите кон Москва доколку сака деескалација, порача шефот на руското МНР од седницата на Советот за безбедност на ООН.
-
Македонија 17.07.2024 09:12
Амбасадорката Дир на средба со претседателот на Собранието, Гаши
Амбасадорката на Украина, Лариса Дир денеска ќе го посети Собранието на Република Северна Македонија.
Дир ќе се сретне со претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Средбата е закажана за 10:00 часот.
-
Економија 17.07.2024 09:11
Ребалансот на буџетот го помина владиниот филтер
Владата вчера на седница расправаше за ребалансот на Буџетот, но повеќе детали се очекува да бидат објавени во текот на денешниот ден.
Ребалансот на буџетот го помина владиниот филтер, доставен до Собранието. пред пратениците треба да се најде кон крајот на месецов.
-
Македонија 17.07.2024 09:09
Поради активен пожар, кај Пепелиште прекин на сообраќајот во два правци
Поради активен пожар на регионалниот пат Неготино – Штип, кај село Пепелиште, сообраќајот е во прекин за сите видови возила, во двата правци, информира АМСМ.
-
Македонија 17.07.2024 09:03
Продолжува седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците
Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе ја продолжи втората седница на која се разгледуваат годишните извештаи на неколку институции.
-
Свет 17.07.2024 09:00
Земјите од регионот прогнозираат намалување на топлотниот бран
Земјите од регионот прогнозираат дека полека попушта влијанието на топлотниот бран, од петок се најавува посвежо време. Црвен метеоаларм изминатата недела беше издаден во Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, како и делови од Хрватска.
-
Македонија 17.07.2024 08:55
Продолжува гаснењето на пожарите кои беснеат во Македонија
По одржаниот утрински брифинг, пилотите ги кренаа воздухопловите и се упатија кон пожарите кои беснеат во Македонија, за нивно гаснење.
-
Македонија 17.07.2024 08:38
Сончево и многу топло
Сончево и многу топло со максимални температури до 42 степени е денешната временска прогноза, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
-
Свет 16.07.2024 20:41
По обидот за атентат, Трамп побогат за милијарда долари
Богатството на поранешниот претседател Доналд Трамп се зголеми за повеќе од милијарда долари бидејќи акциите на „Трамп медија“ пораснаа по обидот за атентат, објави магазинот „Форбс“.










