Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.
Вести
-
Македонија 10.06.2024 08:19
-
Свет 09.06.2024 22:18
Франција оди на избори, Макрон го распушти парламентот по поразот на изборите за ЕП
Завршија европските избори. Според првичните резултати, победник на европските избори во Франција е десничарскиот „Национален фронт“ на Марин Ле Пен со 32 отсто, што е над двојно повеќе од партијата „Ренесанса“ на Макрон.
-
Свет 09.06.2024 21:12
ГЕРБ на Борисов во водство на парламентарните избори во Бугарија
Партијата ГЕРБ на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов е победник на предвремените парламентарни избори во Бугарија и на изборите за европратеници, покажуваат прелиминарните резултати од гласањето.
-
Македонија 09.06.2024 20:48
Приведено лице кое извршило разбојништво
Денеска во 00.20 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода З.К.(27) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека на 08.06.2024 околу 23.40 часот на подрачјето на Центар физички нападнала малолетник од Скопје и му одзела пари.
-
Свет 09.06.2024 20:09
Последен гласање за новиот состав на ЕП
360 милиони граѓани со право на глас избираа 720 претставници во Европскиот парламент. Пристигнуваат и првичните резултати. Анкети покажуваат дека во новиот состав ќе има значително поголем број пратеници кои доаѓаат од десничарските партии.
-
Македонија 09.06.2024 19:47
СДСМ го прекина партискиот Конгрес
СДСМ го прекина партискиот Конгрес на којшто требаше да се анализираат причините за пораз на претседателските и на парламентарните избори. Лидерот во оставка Ковачевски, даде отчет пред членството. Општинските организации бараа време да ги разгледаат извештаите.
-
Свет 09.06.2024 18:30
Бугарите гласаат и за европски и за предвремени парламентарни избори
Бугарските граѓани избираат 240 пратеници во 50-от состав на Народното собрание, како и 17 пратеници кои ќе ги претставуваат во Европскиот парламент.
-
Македонија 09.06.2024 17:45
Работните групи преговараат за состав на Владата
Уставните рокови притискаат, идните коалициски партнери заседаваат, а кои имиња ќе бидат предложени за министри, заменици и државни секретари – официјално не се соопштува.
-
Македонија 09.06.2024 17:32
Ќе се мери хемиската штетност во хируршките сали
Сè уште е енигма од каде се шири непријатната миризба во хируршките сали на Клинички центар. И додека се бара решение, се трупа списокот со пациенти за операции. Трудовите инспектори бараат лиценцирани фирми за да се утврди хемиската штетност.
-
Македонија 09.06.2024 17:11
Општинските организации на СДСМ го прекинаа Конгресот
СДСМ го прекина партискиот Конгрес на којшто требаше да се анализираат причините за пораз на претседателските и на парламентарните избори. Лидерот во оставка Ковачевски даде отчет пред членството. Миле Ристесски ги пренесува информациите.










