Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локална појава на пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (поголема количина за кратко време), силен ветер и изолирана појава на град.
Вести
-
Македонија 03.06.2024 08:30
-
Свет 02.06.2024 22:50
Коалицијата на СНС прогласи победа во скоро сите градови и општини
Листата „Александар Вучиќ – Белград утре“ освои најмногу гласови на изборите за градското собрание на Белград, за која гласале 53 отсто од избирачите, покажува проценката на резултатите од гласањето објавени од ИПСОС и ЦеСИД врз основа на 56,3 отсто од обработените примероци.
-
Македонија 02.06.2024 21:35
ЦУК: Невреме во околината на Кавадарци, Неготино и Демир Капија
Центарот за управување со кризи повикувајќи се на информации од Управата за хидрометеоролошки работи вечерва соопшти дека стационарна нестабилност со пороен дожд и грмежи подолго време се задржува во подрачјето околу Кавадарци, Неготино и Демир Капија.
-
Свет 02.06.2024 21:14
Затворени избирачките места во Србија
Во Србија денеска се одржаа локални избори во 89 градови и општини каде право на глас имаа над 4,2 милиони граѓани. Избирачките места беа отворени во 7:00 часот, а затворени во 20:00 часот, по што ќе бидат објавени првите прелиминарни резултати.
-
Македонија 02.06.2024 20:16
Физичка пресметка во Идризово, повреден затвореник
МВР денеска соопшти дека еден затвореник е повреден во физичка пресметка помеѓу две групи на затвореници.
-
Свет 02.06.2024 20:09
Се судрија два авиони на аеромитинг во Португалија
Најмалку едно лице загина во несреќата што се случи денеска на аеромитингот Беја во Португалија, кога се судрија два авиони.
Несреќата се случила околу 16 часот по локално време, додека пилотите изведувале маневри.
-
Свет 02.06.2024 19:04
Италија одбележува 78 години од основањето на Републиката
По повод 78-годишнината од основањето на Република Италија, италијанскиот претседател Серџо Матарела денеска во Рим на споменикот на Олтарот на татковината положи ловоров венец на споменикот на Непознатиот херој.
-
Македонија 02.06.2024 18:37
Маж најден починат во напуштен објект во центарот на Скопје
На 01.06.2024 во 19.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во напуштен објект на подрачјето на Центар во Скопје било пронајдено починато машко лице.
-
Македонија 02.06.2024 18:09
Во СДСМ во тек е поднесувањето кандидатури за претседател
Течат роковите за избор на наследникот на Димитар Ковачевски. СДСМ до крајот на месецов ќе има нов претседател. Последниот рок за поднесување кандидатури истекува в четврток, на 6-ти јуни.
-
Македонија 02.06.2024 17:27
Тестот од матурата споделен во Вибер група
Откако тестот по мајчин јазик и литература од државната матура повторно се најде во Вибер група во која имало 7.000 ученици Државниот испитен центар утре на стручен колегиум ќе одреди точни насоки за постапување на оценувачите за да утврдат дали ученикот препишувал.










