Американската амбасада во Приштина е против размена на територии меѓу Косово и Србија бидејќи може да предизвика нови проблеми.
Вести
-
Свет 16.02.2018 12:45
-
Македонија 16.02.2018 12:40
Метео: За викендот сончево и потполо
Во текот на викендот во Македонија се очекува претежно стабилно време. Утре ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност, а по одделни котлини ќе има услови за појава на магла.
Повисоката дневна температура ќе предизвика топење на снежната покривка ососбено на планините.
-
Свет 16.02.2018 12:34
Напади на грчки хакери врз турски банки
Грчка хакерска група извршила кибернетички напади врз најголемите турски банки и врз една консултантска компанија од сферата на одбраната.
-
Македонија 16.02.2018 12:30
Бугарскиот претседател ја почна официјалната посета на Македонија
Бугарскиот претседател Румен Радев престојува во дводневна посета на Република Македонија. Посетата ја почна со средба со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, по која ќе следува и конференција за новинарите.
-
Свет 16.02.2018 12:05
Демократите бараат над милијарда долари за кибер безбедност на изборите
Демократите во американскиот Конгрес поднесоа предлог- закон со кој се предвидува сума повисока од милијарда долари за подобрување на кибернетичката заштита на американскиот изборен систем.
Специјалните служби претходно најавија дека е голема веројатноста Русија повторно да се вмеша.
-
Македонија 16.02.2018 11:53
Собранието на 23-ти февруари отворено за граѓаните
На 23-ти февруари, Собранието на Република Македонија ќе биде отворено за посета од страна на граѓаните.
-
Свет 16.02.2018 11:21
Тридневна безбедносна конференција во Минхен
Од денеска до недела, над 30 шефови на држави и влади и над 100 министри од целиот свет ќе разменуваат идеи за најголемите сигурносни предизвици на Минхенската безбедносна конференција.
-
Економија 16.02.2018 11:11
Светската финансиска елита на меѓународна конференција во Скопје
Светската финансиска елита денеска на меѓународна конференција во Скопје, во организација на Народната банка. Ќе се разговара за глобалниот раст, за инфлацијата, геополитичките ризици и монетарните политики на највлијателните централни банки во светот.
-
Македонија 16.02.2018 10:50
Одложено рочиштето за жалбата на Грујевски и Бошковски
Врховниот суд во Атина го одложи рочиштето на кое требаше да биде разгледана жалбата на одлуката за екстрадиција на Судот во Солун за поранешниот началник во УБК, Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошкоски.
-
Економија 16.02.2018 10:44
ЕБОР продолжува со поддршката за Македонија
Македонија се движи по вистинскиот пат, заклучиле претставниците на Европската банка за обнова и развој на вчерашната средба со премиерот Заев, пишува во соопштението на Владата.










