Вести

  • Македонија 13.02.2018 13:33

    Трета рунда: Димитров и Коѕијас преговараат со посредство на Нимиц

    Специјалниот посредник на Генералниот секретар на Обединетите нации во разговорите за разликата за името, Метју Нимиц денеска претпладнево ја почна заедничката средба со министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас во канцеларијата на ОН во Виена.

  • Свет 13.02.2018 13:15

    Циклонот „Гита“ ја опустоши Тонга

    Јужнопацифичкиот остров Тонга е опустошен од тропскиот циклон „Гита“ од четврта категорија проследен со ветер од 200 км/ч. Засега нема жртви, но десетици луѓе побарале медицинска помош.

    Предизвикана е голема материјална штета, а прекинато е снабдувањето со електрична енергија.

  • Македонија 13.02.2018 13:12

    Грипот зема замав, аерозагадувањето ги полни клиниките

    Грипот зема замав, на удар се децата. Лекарите предупредуваат- честопати и обична настинка може да предизвика тешки респираторни инфекции. Во Институтот за белодробни заболувања- Козле дневно има по 100-ина амбулантски прегледи. Околу 90-тина деца се хоспитализирани.

  • Македонија 13.02.2018 12:35

    Сообраќајот по влажни коловози, магла на Стража и Ѓавато

    Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, а поради појава на магла видливоста е намалена до 100 метри на планинскиот премин Стража и на 30 до 40 метри на планинскиот премин Ѓавато, информира ЈП Македонијапат.

  • Македонија 13.02.2018 12:32

    Рочиштето за „Труст“ одложено за 20-ти февруари

    За 20-ти февруари е одложено судењето за случајот „Труст“ на СЈО, поради отсуство на еден од адвокатите на обвинетите. Адвокатката Сања Алексиќ поради болест била оправдано отсутна од рочиштето.

  • Македонија 13.02.2018 12:30

    Евроинтеграциите и користењето на ЕУ- фондовите на 54-тата владина седница

    Состојбите и напредокот во процесот на европска интеграција, користењето и имплементацијата на фондовите од ЕУ, статус на реализација на приоритетите на РМ за влез во НАТО, како и статус на реализација на Рамковниот договор ќе бидат разгледани како пред точки на 54-та седница на Владата на Републ

  • Свет 13.02.2018 12:27

    Ким: Важно е да се постигне клима на доверба и дијалог

    Севернокорејскиот лидер Ким Јонг- ун бара уште попозитивна клима за помирување и дијалог. На отворање на Зимските олимписки игри во Јужна Кореја изрази задоволство што земјата- домаќин се потрудила севернокорејската делегација да биде приоритет.

  • Свет 13.02.2018 11:57

    Пентагон: 550 милиони долари за Курдските сили

    Во нацрт-буџетот за 2019 година, Пентагон издвојува вкупно 550 милиони долари за Курдските сили во рамките на борбата против Исламска држава.

    За потребите на граничните безбедносни сили во мисијата против оваа терористичка група се предвидени 250 милиони долари.

  • Свет 13.02.2018 11:22

    Трамп претстави буџет од 4.400 милијарди долари

    Американскиот претседател Доналд Трамп го претстави буџетот за 2019 година вреден 4 илјади 400 милијарди  долари, предвидувајќи буџетски дефицит од 984 милијарди долари.

  • Македонија 13.02.2018 11:09

    Почна состанокот на Димитров и Коѕијас со Нимиц

    Нова рунда преговори за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција на ниво на министри за надворешни работи под посредништво на медијаторот Метју Нимиц се одржуваат денеска во Виена.

Pages