На патниот правец крак Маврово- Дебар се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила, информира Македонија пат.
Забраната, како што посочуваат, е воведена во 10:15 часот.
На патниот правец крак Маврово- Дебар се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила, информира Македонија пат.
Забраната, како што посочуваат, е воведена во 10:15 часот.
Поддршка во процесот за решавање на спорот со Грција вчера даде и претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган на средбата со премиерот Зоран Заев. Оценил дека тоа е добро за Балканот и за евроатлантските перспективи на Република Македонија.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Загреб оствари средба со премиерот на Република Хрватска и претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ, соопшти опозициската партија.
Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис изјави дека треба да се размисли за промена на името на солунскиот аеродром „Македонија“.
Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани судски рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство, „Труст“ и „Тарифа“.
На вториот ден од посетата на Хрватска, претседателот на Србија Александар Вучиќ на средба со српската заедница во Вргин мост. Последна точка на агендата е говорот во Големото собрание на Српскиот народен совет во Загреб.
750 хектари со парцели поголеми од три хектари државно земјоделско земјиште одат под закуп. Времетраењето за користење на земјиштето е различно.
Идните корисници во зависност од културата која ќе ја одгледуваат, површините ќе ги добијат за период од 15 до 70 години.
Министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас денеска во Виена ќе ги продолжат преговорите за решавање на спорот со името меѓу Македонија и Грција, под посредништво на медијаторот Метју Нимиц.
Против мене се води политички процес, рече поранешниот премиер Никола Груевски. Не сум изненаден што судот не ги прифати приговорите на одбраната.
Продлабочување на пријателските, но и развој на трговските и економските односи, договорија во Анкара премиерите на Македонија и на Турција, Зоран Заев и Бинали Јилдирим.