Претседателот на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) Мартин Шулц поднесе оставка, а негов наследник ќе се избира во април на вонреден партиски конгрес.
Дотогаш, вршител на должноста ќе биде градоначалникот на Хамбург, Олаф Шолц.
Претседателот на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) Мартин Шулц поднесе оставка, а негов наследник ќе се избира во април на вонреден партиски конгрес.
Дотогаш, вршител на должноста ќе биде градоначалникот на Хамбург, Олаф Шолц.
Планинарската федерација ќе формира комисија, со која ќе го испитува инцидентот во кој загинаа двајца македонски планинари во околината на Воден, на планината Ниџе. Комисијата ќе биде составена од планинари, професионални водичи и од стручњаци.
За чување и пасење на овци, кози или говеда на ливади кои се наоѓаат на надморска височина поголема од 700 метри сточарите можат да добиваат субвенции од државата за зголемување на нивните плати.
Западните делови од земјава беа зафатени од снежни врнежи. Најмногу снег падна во Mаврово, се формира снежна покривка од 71 сантиметар, половина метар има во Лазарополе, Крушево и Tетово.
Во Софија, министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Димитров и Захариева, ќе потпишат протокол за размена на документите за ратификација, со кој официјално влегува во сила Договорот за пријателство меѓу двете земји.
Целосна забрана за движење на моторни возила на планинскиот превој „Буково“. Полицијата информира дека поради обилните снежни врнежи, донесени се забрани за тешки товарни возила и на „Пресека“ и кон граничниот премин „Ќафасан“.
Повеќечасовна средба на посредникот на Обединтетите нации во разговорите за името, Метју Нимиц со шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас.
Тутунарите ќе добиваат повисоки субвенции. Владата воведува три нивоа на поддршка- 80 денари за прва класа, 70 за втора, проценетата трета и останатите класи од државната каса ќе се субвенционираат со по 60 денари за килограм продаден тутун.
СВР Битола поднесе кривични пријави за четири поранешни и еден сѐ уште актуелен раководител на подружница во РЕК Битола и против АД ЕЛЕМ. Компанијата се товари за кривичното дело „загадување на животната средина и природата“, а физичките лица за „соизвршителство“ во истото дело.
Грчкиот Парламент го одобри барањето на премиерот Алексис Ципрас за парламентарна истрага за вмешаноста на поранешни премиери и министри во големиот корупциски скандал со фармацевтската компанија „Новаритис“.