Турските вооружени сили заземаа 11 позиции на сириските курди во провинцијата Африн и воспоставија база за продолжување на операцијата „маслиново гранче“.
Вести
-
Свет 22.01.2018 13:34
-
Македонија 22.01.2018 13:21
ВМРО-ДПМНЕ: Правосудните органи се под притисок на власта
Два месеца десетина македонски патриоти без никаков основ се наоѓаат во притвор. Тие се дел од еден монтиран прогон, во кој им се скратени елементарните права во постапката, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 22.01.2018 13:10
Јавна седница за жалбата на пратеничката Пешевска
Во скопска Апелација ќе се одржи јавна седница по жалбата на одбраната на пратеничката Жаклина Пешевска за продолжување на домашниот притвор.
-
Македонија 22.01.2018 13:08
Стратегијата за Западен Блакан ќе биде презентирана на 6-ти февруари
Стратегијата за проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе биде презентирана на 6-ти февруари, за време на пленарната сесија на Европскиот парламент во Стразбур.
-
Македонија 22.01.2018 13:03
Медијаторот Нимиц доаѓа во Скопје и во Атина
По средбата на македонскиот премиер Зоран Заев со грчкиот колега Алексис Ципрас во среда во Давос, за десетина дена според грчкиот јавен сервис ЕРТ, се очекува и посетата на медијаторот Метју Нимиц на Скопје и на Атина.
-
Свет 22.01.2018 12:56
Германија сѐ поблиску до нова Влада
Делегатите на Социјалдемократската партија на Германија се изјаснија за почеток на преговорите за голема коалиција со Демохристијаните на Агела Меркел.
-
Економија 22.01.2018 12:50
Бензините и дизелот поскапуваат за еден денар
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,71%. Од полноќ, литар Еуросупер БС- 95 и 98, дизелот и ектралесното масло за домаќинство поскапуваат за денар. Истовремено килограм мазаут поскапува за половина денар.
-
Македонија 22.01.2018 12:44
Одложено судењето за дедото на Тамара
Скопска Апелација ја прифати жалбата на обвинителството за издвојување на психијатриското вештачење на дедото на Тамара, Љупчо Стојановски, кој се обиде да го убие екс- министерот Никола Тодоров.
-
Свет 22.01.2018 12:25
Воздушни напади на турската армија во сириската провинција Африн
Најмалку 11 цивили загинаа во воздушните напади на турската армија во сириската провинција Африн што е под контрола на курдска група, соопшти лондонската Сириска опсерваторија за човекови права.
-
Македонија 22.01.2018 12:21
Димитров се сретна со ЕУ амбасадорите
Министерот за надворешни работи Никола Димитров оствари средба со амбасадорите на земјите- членки на Европската унија во Република Македонија. Димитров ги информираше ЕУ амбасадорите за актуелните случувања и текот на отпочнатите реформи во Република Македонија.










