Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска пристигнува во дводневна посета на Македонија. Ќе има средби со државниот врв и со лидери на политички партии.
Вести
-
Македонија 17.01.2018 09:00
-
Македонија 16.01.2018 16:29
КСС утре на протест
Социјален дијалог треба да има во конструктивна атмосфера, без притисоци врз синдикалните лидери. Ова, според Конфедерацијата на слободни синдикати е заклучокот по одржаната средба со владините претставници.
-
Македонија 16.01.2018 16:03
Метео: Нови врнежи од дожд и снег на планините
Утрешниот ден во Македонија ќе донесе нови врнежи од дожд и снег на планините.
Врнежите ќе почнат на запад претпладне, а попладне ќе се интензивираат и ќе се прошират насекаде.
На места се очекуваат пообилни врнежи. Ќе дува засилен југозападен ветер.
-
Македонија 16.01.2018 15:40
Заев- Борисов: Договорот гарантира долгорочни пријателски односи
Заев и Борисов едногласни- Договорот за добрососедство гарантира долгорочно градење пријателски односи меѓу Бугарија и Македонија и е стабилна основа за соработка во регионот, врз база на европските вредности. Ова го заклучиле двајцата премиери во телефонски разговор.
-
Свет 16.01.2018 15:23
Германија: Училишен автобус влета во куќа
Четириесетина деца се повредени откако училиштен автобус удрил во куќа во градот Ебербах, југозападна Германија. Неколкумина од нив се во критична состојба.
-
Македонија 16.01.2018 15:18
Нови студии за нутриционисти на ПМФ
Новата студиска програма- нутриционизам ќе биде дел од конкурсот за 2018/ 2019 година на Природно-матаматичкиот факултет во Скопје. Ќе се запишат 60 студенти- 20 на редовни студии, 20 со кофинасирање, уште толку ќе бидат вонредни. Ќе изучуваат околу 40 предмети.
-
Македонија 16.01.2018 14:50
Напаѓачот на Шекеринска бара условна казна
„Судот неправедно ме осуди на голема казна. Не употребив сила, ниту кон Заев, ниту кон Шекеринска“- рече на јавната седница во Апелација, Панче Ангелов, првостепено осуден за нападот врз пратеничката. Остана на ставот дека кога ја фатил за коса сакал да ја заштити, а не да ја повреди.
-
Свет 16.01.2018 14:43
Убиството на Ивановиќ- терористички чин
Лидерот на српската партија на Косово, Оливер Ивановиќ, изутринава бил убиен во Косовска Митровица. Застрелан е со огнено оружје кога влегувал од седиштето на неговата партија.
-
Македонија 16.01.2018 14:22
Состојбата со грипот не е алармантна
Состојбата со грипот засега не е алармантна. Сепак, лекарите очекуваат значително зголемен број пациенти по завршувањето на зимскиот распуст, кога учениците ќе се вратат во клупите. Колективниот престој овозможува побрзо ширење на вирозите и на инфекциите.
-
Економија 16.01.2018 13:55
Нови 80 километри гасовод годинава
Менаџментот на државната компанија „Македонски енергетски ресурси“ најави изградба на дури 80 километри магистрални гасоводи во 2018-та.









