Даниел Сервер, експерт за Балканот и професор на американскиот универзитет „Џон Хопкинс“, во изјава за МИА оценува дека е можно во 2018-та година да се направи пробив во решавањето на спорот за името и отстранување на блокадата за прием на Македонија во НАТО и почеток на пристапните преговори со
Вести
-
Македонија 15.11.2017 10:10
-
Македонија 15.11.2017 08:52
Собрание: Ќе се гласа за потребата од носење на Законот за јазиците
Собранието на Република Македонија денеска напладне треба да гласа за потребата од носење на Предлог- законот за употреба на јазиците, по што тој ќе влезе во втора фаза и пратениците ќе можат да поднесуваат амандмани по текстот.
-
Свет 14.11.2017 16:57
Пукотници во близина на пристаништето во Ница
Непознато лице отворило оган врз минувачите во близина на пристаништето во францускиот град Ница.
Полицијата го обиколила местото на нападот, но не успеала да го запре напаѓачот, кој истрелал неколку куршуми. Во нападот немало жртви ниту повредени.
-
Македонија 14.11.2017 16:50
Расте бројот на болни од ХОББ
Од пет до десет проценти од населението во земјава боледува од Хронично опструктивна белодробна болест, или околу 147 илјади граѓани. Најголем предизвикувач е пушењето. Директорот на Клиниката за пулмологија, доктор Докиќ објаснува дека оваа болест е четврта причина за смртност во светот.
-
Македонија 14.11.2017 16:31
Независни медиуми и регулаторни тела како дел од демократизација на општеството
Со новиот Закон за аудио и аудиовизуелни услуги до професионализација на медиумите и регулаторните тела- претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Харлем Дезир на средби со владини претставници.
-
Македонија 14.11.2017 16:22
12 проценти од населението во Македонија има дијабетес
Расте бројот на болни од дијабетес. Освен возрасни, погодени и најмалите. Секој месец има едно до две новозаболени деца- велат од Сојузот на здруженија на дијабетичари во Македонија. Бараат измени во законот кој прави проблем при набавка на инсулин. Надлежните ветија решавање на проблемите.
-
Македонија 14.11.2017 16:16
Подготвени документациите за изградба на четири регионални депонии
Подготвени се планските документации за изградба на четирите регионални депонии. Изработени се изведбените дизајни за воспоставување интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Скопскиот, Вардарскиот, Пелагонискиот и Југозападниот плански регион.
-
Македонија 14.11.2017 16:07
Цврсти позиции за Предлог- законот за употреба на јазиците
Во Собранието заврши првото читање за Предлог- законот за употреба на јазиците. Според пратениците од СДСМ, станува збор за остварување високи демократски и цивилизациски норми од Советот на Европа и од Обединетите нации во македонското општество со што ќе се зголеми довербата меѓу заедниците.
-
Економија 14.11.2017 16:02
Експропријацијата- кочница за гасификацијата
Експропријацијата на земјиште ја кочи изградбата на гасоводниот систем и поврзувањата на кракот Неготино- Битола. Со две милијарди 190 милиони денари од буџетската каса ќе се турка проектот во 2018- тата.
-
Македонија 14.11.2017 15:53
Хан идната недела во Македонија
Брисел ја активира машинеријата околу Балканот. Унијата става акцент на државите од регионот. Зачестените средби на домашни политичари во седиштето на ЕУ и на европски дипломати во земјава го потврдува тоа. За следната недела посета на Скопје е најавена на еврокомесарот Јоханес Хан.










