Вести

  • Свет 15.11.2017 14:25

    Расте бројот на жртви во поплавите во Грција

    Најмалку пет лица загинаa во поплавите во градот Мандра во близина на Атина, додека многумина се уште се заглавени во своите домови во Неа Перамос, Мегара и Магула.

  • Македонија 15.11.2017 14:22

    Заев: Владата е определена да го негува и унапредува македонскиот јазик

    Новата Влада искрено и силно е посветена да го негува и да го унапредува македонскиот јазик, вечниот паметник на нашето постоење како народ, порача денеска премиерот Зоран Заев кој ја отвори втората Меѓународна научна конференција „Минатото на јазичниот свет – денес и утре“ што се одржува во рамк

  • Свет 15.11.2017 14:17

    Северна Кореја: Трамп заслужува смртна казна

    Севернокорејските медиуми соопштија дека претседателот на САД, Доналд Трамп заслужува смртна казна бидејќи го навредил лидерот Ким Џонг-Ун. Покрај тоа, пишуваат дека Трамп поради страв не ја посетил демилитаризираната зона на границата меѓу двете корејски држави.

  • Македонија 15.11.2017 13:33

    ДИК ги прогласи за завршени локалните избори

    Државната изборна комисија ги прогласи за завршени локалните избори. Заклучокот за завршувањето на изборите ДИК го донела на вчерашната седница, откако преходно беа објавени конечните резултати од прегласувањето за избор на градоначалник на општина Чаир на едно избирачко место.

  • Македонија 15.11.2017 13:27

    Средбата со Нимиц одложена за декември

    Средбата на претставниците на Грција и на Македонија со медијаторот Метју Нимиц што требаше да се одржи на 20-ти или 21-ви ноември е одложена и презакажана за декември, потврдија за МИА дипломатски извори вклучени во процесот на разговори.

  • Свет 15.11.2017 12:46

    Зимбабве: Војската ја презеде контролата на државата

    Пукотници, детонации и тенкови низ улиците во Хараре. Војската на Зимбабве го зазеде и седиштето на државна телевизија. По апсењето на министерот за финансии, беа приведени и претседателот Роберт Мугабе и првата дама.

  • Македонија 15.11.2017 12:40

    ОЈО отвори предистражна постапка за договор за снимање играна серија

    Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција извести дека е отворена предистражна постапка за договорот помеѓу Агенцијата за филм и продукциска куќа, ангажирана за снимање играна серија. Постапуваат по известување од Финансиската полиција.

  • Македонија 15.11.2017 12:32

    Се одложи судењето за случајот „Триста“

    Се одложи стартот на судењето за случајот „Триста“. Обвинетиот Ѓоко Поповски до судот достави преку своите бранители медицинска документација дека е спречен да присуствува на главната расправа поради проблеми со одот и препорака од лекар да мирува.

  • Македонија 15.11.2017 12:27

    Грчки медиуми: Нимиц ќе даде конкретен предлог за името

    Посредникот на Обединетите Нации во спорот за името Метју Нимиц на средбата со претставниците на Грција, Адамантиос Василакис и на Македонија, Васко Наумовски закажана на 20-ти и 21-ви ноември во Њујорк ќе излезе со конкретен предлог за решавање на спорот, јавуваат грчките медиуми, пренесува МИА.

  • Македонија 15.11.2017 12:08

    Пообилни врнежи дожд во јужните и централните делови

    Дождот кој од утринава врне скоро низ целата држава, се очекува денес да биде пообилен во јужните и централните делови. Утре пообилни врнежи ќе има во северозападните, централните и југоисточните делови, а во петок во југозападните.

Pages