За власта политички, опозицијата со поддршка на синдикалните протести за повисоки плати.
Вести
-
Македонија 10.02.2026 16:30
-
Македонија 10.02.2026 16:09
МВР ја покажа запленетата марихуана
МВР покажа дел од запленетите 40 тони цвет од канабис, кои властите ги открија и запленија во големата акција. Се наоѓаат во објект на министерството. Тошковски рече дека марихуаната била незаконски произведена и складирана, надвор од пропишаните норми. Истрагата продолжува.
-
Македонија 10.02.2026 15:44
Втор ден без струја студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид
Втор ден студентски дом „Никола Карев“ Охрид нема струја. Студентите среде зима без греење и без топол оброк. Ноќта ја минаа на свеќи. Причината се три неплатени сметки кон ЕВН, доомот должи 1.700. 000 денари.
Студентите велат немаат услови да учат.
-
Македонија 10.02.2026 15:24
Владата го утврди Предлог-законот за Советот на јавните обвинители
Владата на денешната седница, на предлог на Министерството за правда, го утврди Предлог-законот за Советот на јавните обвинители, кој има за цел зајакнување на независноста, отчетноста и транспарентноста на јавнообвинителскиот систем.
-
Економија 10.02.2026 14:54
Народната банка ја задржа основната каматна стапка на 4%
Извршниот одбор на Народната банка, на редовната седница одржана денеска, одлучи да ја задржи основната каматна стапка на постојното ниво, при што каматата на благајничките записи останува 4%.
-
Македонија 10.02.2026 14:26
АХВ: Превентивно повлечени одредени серии Аптамил формули за доенчиња
Агенцијата за храна и ветеринарство ја информира јавноста дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна и храна за животни (RASFF), спроведено е превентивно повлекување од пазарот на одредени серии формули за доенчиња од брендот Аптамил.
-
Македонија 10.02.2026 14:09
Сослушување на вештаци од Словенија
Со извештаите на вештите лица продолжи судењето за случајот „Онкологија“. Се отвори клучна дилема дека кај дел од случаите терапиите биле давани без јасна индикација, во несоодветни дози и интервали, што го забрзувало напредувањето на болеста.
-
Македонија 10.02.2026 14:07
СДСМ поддржува зголемување на минималецот
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче дава поддршка на синдикатот за зголемување на минималната плата на 600 евра. Според него, владата има начин да го исполни ова барање. Премиерот Христијан Мицкоски гледа политичка позадина во протестите.
-
Македонија 10.02.2026 13:58
Протест на ССМ со блокада на зградата на Собранието
Протест на Сојузот на синдикати на Македонија со блокада на зградата на Собранието. Побараа од пратениците да се зголеми минималната плата. Според работниците, во парламентот гледаат вина за недонесувањето на законот.
Александра Велинова го следеше протестот.
-
Македонија 10.02.2026 13:31
Нема напредок во борбата против корупцијата
Македонија не напреднала во борбата против корупцијата. Во најновиот Индекс за перцепција на корупцијата на „Транспаренси Интернешнл“ се најде на 84-то место со ист број на поени како и лани, 40.










