Сојузот на синдикати утре продолжува со најавените протести за зголемување на минималната плата на 600 евра. По вчерашната блокада пред Собранието, утре ќе застанат пред Стопанската комора и одново ќе побараат повеќе пари на сметките на работниците.
Вонредни контроли вршат надлежните инспекциски служби во сите објекти кои имаат лиценца за производство на марихуана за медицински цели. По вчерашната одлука на владината седница, ќе биде формирана комисија и тим кои ќе вршат детална проверка на работењето на овие правни лица.
Лекарите ги разгледуваат медицинските досиеја и носат одлука за терапијата на најтешко болните. Предвид се зема се – состојбата на пациентот, извршените испитувањата, типот на туморот .
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира физичките и правните лица дека согласно член 62 став 3 од новиот Закон за инспекциски надзор, кој е во сила од 01.01.2026 година, инспекциските служби на АХВ нема да постапуваат по анонимно поднесени иницијативи за спроведување на инспекциски
Вашингтон верува дека Иран сака да постигне договор за нуклеарната програма. Во услови на зголемени тензии и отворена можност за воен одговор од САД, Трамп вели дека би било глупаво Техеран да не го стори тоа. Доколку разговорите не успеат, се закани со остар одговор.
Девизните резерви на крајот на јануари годинава изнесувале 5.600,5 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 675,3 милиони евра, објави Народната банка.
Руските дронови и ракети продолжуваат да напаѓаат цели во Украина, додека Киев најавува реорганизација на воздушната одбрана и зајакнување на армијата.
Судењето за деветтемина полицајци кои на 16 март биле во дискотеката „Пулс“, каде трагично загинаа лица по активирање на пиротехника, започнува на 2 март.