Американскиот претседател Доналд Трамп го одржа својот прв говор пред членовите на двата дома од американскиот Конгрес, при што најави подобри времиња за граѓаните на САД. Ги осуди неодамнешните злосторства од омраза, наведувајќи дека Америка е обединета во осудата на омразата и злото.
Вести
-
Свет 01.03.2017 14:34
-
Македонија 01.03.2017 14:29
Дваесет илјади луѓе во Македонија годишно умираат од компликации од дијабетес
Дваесет илјади луѓе годишно умираат во Македонија поради компликации кои ги предизвикува дијабетот- покажуваат светските податоци изготвени според бројот на жители. Кардиохирургот Жан Митрев, вели се забележува континуиран раст на бројот на заболени кои бараат комплексни и тешки операции.
-
Македонија 01.03.2017 14:13
Дожд, ветер и пад на температурите од попладне
Врнежи од дожд, кои ќе бидат поинтензивни во западните делови на Македонија се очекуваат за денеска попладне и во вечерните часови.
-
Македонија 01.03.2017 13:14
Нема нови случаи на птичји грип
Нема нови жаришта и нови случаи на птичји грип во Македонија, изјави денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Поповски.
-
Свет 01.03.2017 12:50
Талибанците во Авганистан нападнаа локации на полицијата, војската и разузнавачите
Авганистанските талибанци извршија напад врз полициски, воени и разузнавачки цели во Кабул. Властите потврдија дека инциденти се случиле и во уште неколку делови од главниот град. Засега нема информации за жртви.
-
Свет 01.03.2017 12:20
Медведев: Западот сака да ги овековечи санкциите
Рускиот премиер Дмитриј Медведев тврди дека неговата земја може да се развива во услови на економски санкции кои Западот се обидува да ги пролонгира на неодредено време.
Ги критикуваше новите закони и укази што се спроведуваат во останатиот дел од Европа и во САД.
-
Македонија 01.03.2017 11:20
Целосно изгоре градинката „8-ми Април“ во Шуто Оризари
Синоќа во пожар, целосно изгоре градинката „8-ми Април“ во Шуто Оризари. Пожарот избувнал половина час по полноќ. 20 пожарникари до рано утрово се бореа, огнената стихија да ја стават под контрола.
-
Култура 01.03.2017 11:11
Филмска магија со ѕвездата на саксофонот Ејми Диксон во Скопје
Два пати номинирана за престижната награда „Греми“ и една од најдобрите саксофонистки денес, Ејми Диксон од Австралија, доаѓа во Скопје.
-
Економија 01.03.2017 11:06
УЈП отвори дополнителни шалтери за поднесување Годишна даночна пријава
Управата за јавни приходи отвори дополнителни шалтери во Скопје за поднесување годишна даночна пријава. Лоцирани се во приземјето на Дирекцијата за големи даночни обврзници, во зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија.
-
Македонија 01.03.2017 11:03
Приведени неколку лица за нападот на екипата на А1-он
На вчерашниот протест, физички е нападната екипата на А1-он. Повредените новинар и снимател биле пренесени во Ургентниот центар. Последните информации се дека има приведени.










