Железничкиот сообраќај, и патничкиот и товарниот, се сѐ уште во прекин поради штрајкот на вработените. Од Синдикатот најавија дека ако не им се исплати заостанатата плата, ќе почнат и штрајк со глад.
Вести
-
Македонија 01.03.2017 10:43
-
Македонија 01.03.2017 10:40
Могерини утре во посета на Македонија
Федерика Могерини, високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, од Црна Гора ја почна турнејата на Западен Балкан. Утре ќе пристигне во Македонија.
-
Свет 01.03.2017 10:36
Обраќање на Трамп во Конгресот: Одобрен планот за унапредување на економијата
Засилена економија и безбедност, даночна реформа и намалување на регулативите за бизнис, нови работни места, поддршка на американските компании, воени сили, полициски служби, и подобро образование и здравство, вети американскиот претседател Доналд Трамп во првото обраќање на заедничката сесија на
-
Свет 01.03.2017 10:28
Малезија: Обвинение против две жени за убиството на Ким Јонг-Нам
Малезија подигна обвинение против две жени за убиството на полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ум.
25-годишната Индонезијка и 28-годишната Виетнамка го убиле Ким Јонг- Нам со силен нервен агенс познат како ве-икс на аеродромот во Куала Лумпур.
-
Економија 01.03.2017 10:26
Русите го бараат македонското сирење и кашкавал
Со потпишувањето на меморандумот за соработка на нашите со руските фитосанитарни власти почна извозот на првите пратки на македонските млечни производи на овој голем пазар.
-
Македонија 01.03.2017 08:40
Ден на Полкот за специјални операции на АРМ
Со свеченост во касарната „Илинден“ денеска ќе биде одбележан денот на Полкот за специјални операции (пСО) - 1 Март.
Единиците од состав на пСО ќе имаат дефиле, ќе бидат доделени стимулативни мерки, а за достигнувањата на единицата ќе говорат раководните кадри од армијата.
-
Македонија 01.03.2017 08:38
Сообраќајот по суви коловози и без забрани
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
-
Економија 28.02.2017 16:25
Нови три авиолинии од Скопскиот аеродром
Со новите три авиолинии кон Малта, Рим, Ваксој Шведска, Македонија воздушно се поврзува со 35 европски метрополи, со Дубаи и Доха. „Виз Ер“ оперира кон 29 дестианции, ја поврзува земјава со 13 земји. Генерално превезува 54,8 насто од вкупниот број патници.
-
Свет 28.02.2017 16:02
Трамп: Обама стои зад протестите против Републиканците
Претседателот Доналд Трамп верува дека неговиот поранешен колега Барак Обама стои зад протекувањето документи во неговата администрација и зад гневните протести со кои се соопчуваат Републиканците низ целата земја.
-
Македонија 28.02.2017 15:57
Над 20 илјади пензионери се пријавиле за бесплатна бања и викенд
Пензионерите се најзаинтересирани за на бања. Годинава околу 14 илјади поднеле барање за бањско- климатска рекреација. Над 2.000 сакаат да искористат бесплатен туристички викенд и околу 3.000 аплицирале за една од двете услуги.










