Македонската кошаркарска репрезентација ги продолжува квалификациите за Евробаскет 2025. Во ноемврискиот „прозорец“ противник на „црвено-жолтите“ е селекцијата на Литванија.
Кошарка
Блог вести
-
Кошарка 21.11.2024 14:54
-
Кошарка 20.11.2024 12:16
Филаделфија не размислува за отпуштање на Нерс и покрај катастрофалниот почеток на сезоната
Сопствениците на Сиксерс не размислуваат за отпуштање на главниот тренер Ник Нерс и претседателот Дерил Мори, и покрај катастрофалниот старт.
По четвртиот последователен пораз, од Мајами 89:106, се одржа состанок на раководството, стручниот штаб и тимот.
-
Кошарка 19.11.2024 09:06
Мајами славеа со 106:89 против Филаделфија
Мајами ја продолжи агонијата на Филаделфија. Предводени од поранешниот играч на Севентисиксерс, Џими Батлер, Хит славеа со 106:89. Мајами се шести на Истокот со шест победи и седум порази, а Филаделфија се наоѓа на претпоследното место со само две победи и 11 порази.
-
Кошарка 14.11.2024 13:37
Леброн Џејмс трет натпревар по ред постигна трипл-дабл
Екипата на Лос Анџелес лејкерс ноќеска на домашен терен го победи Торонто со 128:123. За домаќините, Леброн Џејмс го постигна третиот трипл-дабл во последните натпревари.
-
Кошарка 12.11.2024 11:53
Кливленд ја започна сезоната со 12 победи во низа
Кливленд Кавалирс ноќеска го победи Чикаго Булс со 119:113 на гостински терен во натпреварот од регуларната дел на НБА-сезоната.
-
Кошарка 08.11.2024 10:03
Лејкерси го испратија синот на Леброн Џејмс во Џи лигата
Раководството на Лос Анџелес Лејкерс одлучи да го префрли бекот Брони Џејмс во тимот Саут Беј, кој настапува во Џи лигата, пренесе „МСН“.
-
Кошарка 05.11.2024 08:33
Грег Попович се повлекува од клупата на Сан Антонио поради здравствени проблеми
Легендата на светската кошарка и НБА, Грег Попович, поради здравствени проблеми се повлекува од функцијата тренер на Сан Антонио, а познато е и кој ќе го замени.
На негово место на неодредено време, на клупата на НБА тимот ќе седи помошникот Мич Џонсон.
-
Кошарка 30.10.2024 11:31
Богдановиќ поради повреда надвор од теренот најмалку еден месец
Бекот на Атланта хокс, Богдан Богдановиќ ќе мора да паузира од кошарката најмалку еден месец.
Српскиот репрезентативец има повреда на тетивата. Триесет и двегодишниот Богдановиќ вчера беше подложен на медицински третман. Повторно ќе биде прегледан за околу четири недели.
-
Кошарка 29.10.2024 08:56
Кари ќе пропушти два натпревара поради повреда на скочниот зглоб
Најдобриот кошаркар на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари, е надвор од терените поради повреда на скочниот зглоб.
Се очекува 36-годишниот Американец да пропушти два натпревара на Вориорс.
Оваа сезона Кари настапи на три натпревари и имаше просек од 18,3 поени и 6,7 асистенции.
-
Кошарка 28.10.2024 11:31
Голден стејт прв пат поразен оваа сезона
Најдобриот кошаркар на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари го напушти теренот рано во последната четвртина ноќеска на натпреварот со Лос Анџелес клиперс на домашен терен.








