Здружението на ликовни критичари „АИКА Македонија“ и ја додели наградата за ликовна критика, „Ладислав Баришиќ“ за 2023 година на Нада Пешева за проектот „Женското учество во современата македонска ликовна/визуелна уметничка сцена по 1991 година“.
-
Култура 07.06.2023 09:56
-
Култура 07.06.2023 09:29
Нова изложба со дела од колекцијата на МСУ – „Дефрагментација“ подарени од уметници од Чешка, Унгарија, Полска и Словачка
На 13 јуни, во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена изложбата „Дефрагментација“ со дела од колекцијата на МСУ-Скопје, подарени од уметници од Чешка, Унгарија, Полска и Словачка. Ќе бидат изложени вкупно 96 дела од 86 уметници.
-
Култура 06.06.2023 13:35
Фестивалот „Охридско лето“ најави спектакуларни настани
„Анџела Георгиу важи за најгламурозната оперска ѕвезда. Нејзиниот прекрасен глас ја прави сцената блескава секаде каде што настапува по светот.
-
Култура 06.06.2023 09:22
Денеска во МКЦ промоција на стохозбирката „На врв на јазикот“
Новата стихозбирка на академик Катица Ќулавкова, „На врв на јазикот“, ќе биде промовирана денес, со почеток во 19 часот, во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје. Промотор на книгата ќе биде проф. д-р Наташа Аврамовска, а модератор уредничката Оливера Ќорвезироска.
-
Култура 06.06.2023 09:00
Утре започнува „Оф – Фест“ во НОБ и во МКЦ
Дваесет и второто издание на традиционалниот „Оф – фест“ ќе се одржува од утре до 10 јуни во Националната опера и балет и во Младинскиот културен центар. Фестивалот ќе понуди богата и разновидна програма.
-
Култура 06.06.2023 08:12
Протест на вработените во Македонска филхармонија пред Влада
Денеска вработените во Македонска филхармонија ќе протестираат пред Владата, бидејќи сè уште не е променета одлуката за просторно сместување на втора институција во објектот наменски изграден за единствениот симфониски оркестар во земјата.
-
Култура 05.06.2023 15:20
Костадиновска-Стојчевска: Конзерваторите од Солун и од Битола даваат долгорочна заштита на вредниот фрескоживопис во Курбиново
Македонските и грчките конзерватори денеска ги презентираа досегашните резултати од соработката меѓу НУ Завод и музеј – Битола и Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици од Солун на проектот за „Конзервација на ѕидното сликарство на црквата Св. Ѓорѓи во с. Курбиново“.
-
Култура 05.06.2023 14:30
-
Култура 05.06.2023 11:20
„Звукот на новата генерација“ – концерт со студентите на ФМУ
Во четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Звукот на новата генерација“ со студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје.
-
Култура 05.06.2023 10:24
Премиера на претставата „Брод за кукли“ во битолскиот театар
Вечерва во Битолскиот театар премиерно ќе биде изведена претставата „Брод за кукли“ од Милена Марковиќ, во режија на Кокан Младеновиќ.










