Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и националниот координатор за туризам, Акан Махмут, денеска остварија работна посета на Општина Градско, при што со градоначалникот Киро Нацков разговараа за можностите на оваа стратешки поставена општина во насока на развивање на транзитниот туризам
-
Култура 16.01.2025 18:59
-
Култура 16.01.2025 17:10
Утре почнува зимското издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион
Од 17 до 26 јануари ќе се одржи зимското издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион.
-
Култура 16.01.2025 08:56
Симон Трпчевски со „Македонисимо“ во Романија
Нашиот светски познат пијанист Симон Трпчевски утревечер со оркестарската изведба на проектот „Македонисимо“ во Романија ја стартува концертната 2025 година.
-
Култура 15.01.2025 09:25
Балетските едночинки „Шехерезада“ и „Валпургиска ноќ“ на сцената на НОБ
На 17 и 24 јануари 2025 со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведат балетските едночинки „Шехерезада“ и „Валпургиска ноќ“.
-
Култура 14.01.2025 17:16
Се спушти завесата на Вевчанскиот карневал
Со последното Василичарско оро и палење на дел од маските денес завршува Вевчанскиот карневал. По вевчанските улици деновиве прошетаа стотици маски. Во карневалската пародија беа одбележани политичките и општествените збиднувања во земјава и светот.
-
Култура 14.01.2025 10:39
„Еволуцијата на распадот“ ја отвора неделата на независниот театар во Драмски
Претставата „Еволуцијата на распадот“ во режија на Дамјан Димовски, ќе биде премиерно изведена вечерва во 20 часот на сцената на Драмски театар во Скопје. Претставата е прва од петте што ќе бидат изведени како дел од посветата на независната сцена во Драмски.
-
Култура 13.01.2025 15:26
Карневалско дефиле под маски во Вевчани
Одекнаа зурлите и тапаните, се развиори василичарското оро, продолжи вековната традиција, под падините на Јабланица карневалска магија. Вевчани наликува на слободен театар без граници со многу хумор и сатира.
-
Култура 13.01.2025 08:46
Традиционално дефиле под маски на Вевчанскиот карневал
Со традиционалното дефиле под маски денеска напладне почнува официјалниот дел од Вевчанскиот карневал.
-
Култура 12.01.2025 16:40
Започнува Вевчанскиот карневал
Од денес сите патишта водат во снежно Вевчани, каде веќе одекнуваат зурлите и тапаните во конаците на василичарските друштва. Започнаа обредите и ритуалите карактеристични за Вевчанскиот карневал. Програмата продолжува вечерва со концерт на групите Ареа, Љубојна и „Забрането пушење“.
-
Култура 11.01.2025 18:04
Во Охрид се санира најзначајниот објект-Куќата на Робевци
Во тек се обемни интервенции за санација и реставрација на најрепрезентативниот објект во Охрид-Куќата на Робевци. Целта е споменичниот комплекс чиј дел се Магазата, Депото и Лапидариумот да се сочуваат од забот на времето, со што ќе бидат уште поголема атракција за посетителите.








