Вчера во 20:10 часот и на 03.09.2025 во 00:10 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода Ш.А.(46) и Џ.К.(39), двајцата од Република Турција, информираат од МВР.
-
Македонија 03.09.2025 13:58
-
Македонија 03.09.2025 13:29
Поддршка за локални регионални проекти
Идната година општините ќе добијат помош за ажурирање на податоците со даночни обврзници, најави министерот за локална самоуправа Златко Перински. Ќе се поддржуваат и проекти кои имаат регионално значење што ќе се имплементираат преку планските региони. -
Македонија 03.09.2025 13:23
Продолжи судењето за таткото на Васил Јованов
Продолжи судењето за таткото на Васил Јованов кој на пешачки на партизанска ја усмрти Фросина Кулакова. Зоран Јованов се гони за загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства.
-
Македонија 03.09.2025 13:14
ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница на Комисијата за надзор над АНБ и АР
ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница на Комисијата за надзор над АНБ и АР, за да се разгледаат сомнежите за незаконско постапување во Агенцијата. Неизвесно кој ќе ја свика.
СДСМ побара декласификација на сите документи за како што велат, јавноста да ја дознае вистината.
-
Македонија 03.09.2025 13:13
Георгиев со писмо до ЕУ
Шефот на бугарската дипломатија Георгиев со писмо до неговите колеги од земјите-членки на Европската унија дека не е можно да се промени договорениот европски консензус. Софија очекува Македонија да ги исполни своите обврски на патот за членство во ЕУ.
-
Македонија 03.09.2025 12:30
Во Кривичен суд продолжува судењето за Штекли
Во Кривичен суд продолжува и судењето за Раде Трајковски – Штекли. Случајот е поврзан со организирана продажба на дрога во скопската населба Аеродром. На денешното рочиште треба да се соочат психијатриските вештачења доставени од одбраната и обвинителството за обвинетиот Раде Трајковски.
-
Македонија 03.09.2025 12:14
МВР: Изминатите два дена 1.103 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода пет лица за безобзирно управување на возило
Во текот на првите два работни дена од овој месец во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, полициски службеници од сите сектори за внатрешни работи регистрираа вкупно 1.103 платни налози по основ на разни прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата,
-
Македонија 03.09.2025 12:11
Приведени три лица од тетовско барани по потерници за издржување затворски казни
Вчера во с. Желино, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Ш.С.(25) од с.Требош, тетовско, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик.
-
Македонија 03.09.2025 11:46
Лишен од слобода германски државјанин на Табановце, кај него била пронајдена марихуана
Вчера во 20:25 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода О.С.(46) од Сојузна Република Германија, информираат од МВР.
-
Македонија 03.09.2025 11:02
Муцунски во работна посета на Женева
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од денес до петок престојува во работна посета на Женева, Швајцарија. Во рамки на посетата, министерот ќе се обрати на Самитот на млади лидери, во организација на Светскиот економски форум, што се одржува во Женева.










