Регионалниот центар за управување со кризи, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација информира дека денеска од 09:00 часот без вода ќе бидат дел од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и дел од корисниците на улиците „Филип Втори“ (потегот од Собрание на РСМ до х.
-
Македонија 08.05.2025 08:34
-
Македонија 08.05.2025 08:22
Претседателот на Собранието ја продолжува официјалната посета во Италија
Продолжува посетата на претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши на Италијанската Република.
-
Македонија 08.05.2025 08:17
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 08.05.2025 08:16
Специјалниот пратеник на финското Претседателство со ОБСЕ во посета на Собранието
Собранието денеска ќе го посети амбасадорката Терхи Хакала, специјален пратеник на финското Претседателство со ОБСЕ.
Како што информираат од собраниската прес-служба, Хакала ќе се сретне со Никола Ѓошевски, заменик на генералниот секретар на Собранието.
-
Македонија 08.05.2025 08:13
Муцунски на средба со шефовите на дипломатиите на членките и кандидатите за членство во ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска е во Варшава каде што ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство.
-
Македонија 08.05.2025 08:09
Променливо облачно со сончеви периоди
Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
-
Македонија 07.05.2025 21:00
Фатен крадец во Кавадарци, поднесена кривична пријава
ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против О.В.(42) од Кавадарци поради постоење основи за сомнение за сторени четири кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, информираат од МВР.
-
Македонија 07.05.2025 20:33
МОН: Ниту еден студент нема да го изгуби правото на субвенциониран студентски оброк заради користење семејна пензија
Министерството за образование и наука ја информира јавноста дека на ниту еден студент кој користи субвенциониран студентски оброк, нема да му биде прекинато правото доколку истовремено е корисник и на семејна пензија по основ на починат родител.
-
Македонија 07.05.2025 20:03
Јаневска: Демократското образование создава активни генерации, свесни за човековите права и одговорно се однесуваат
Демократијата мора да биде еден од основните столбови на образовниот систем. Образовниот процес е алатка за стекнување вештини и знаења, но мора да насочува и кон критичко размислување, кон развивање на одговорност, свесност за човековите права и обврски, кон конструктивност и почитување.
-
Македонија 07.05.2025 19:39
Во Струга традиционална литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“
Со торженствена Ѓурѓовденската литија Струга се поклони на патронот Светиот Великомаченик Ѓорѓи. Илјадници верници и свештеници, монаштвото од Бигорскиот манастир и сестринствата со чудотворните мошти на светителот го осветија градот на мостовите.










