Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 и Загрозување на сигурноста од член 144 од Кривичниот законик.
-
Македонија 09.05.2025 10:58
-
Македонија 09.05.2025 10:44
Лишен од слобода велешанец, возел под дејство на алкохол и предизвикал три сообраќајни незгоди
На 07.05.2025 во 23.45 часот на улица „Прохор Пчински“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Д.(50) од Велес, информираат од МВР.
-
Македонија 09.05.2025 10:18
Васил Јованов седнува на обвинителна клупа
Васил Јованов, кој на пешачки премин на „Партизанска“ ја прегази Фросина Кулакова од Неготино, влегува во судница. Обвинет е за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.
Анита Димитријевска – Велковска е пред Кривичниот суд.
-
Македонија 09.05.2025 09:40
Уапсен е убиецот кој застрела 25-годишник во кафуле во Штип
Лицето кое синоќа го уби 25 годишниот Е.О., странски државјанин, во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип е уапсено, потврдуваат од МВР.
-
Македонија 09.05.2025 09:07
Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 09.05.2025 09:07
Седници на две комисии денеска во Собрание
Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за надворешна политика и надворешна трговија, за локална самоуправа и Законодавно – правната комисија.
-
Македонија 09.05.2025 08:58
Една деценија од вооружената престрелка во кумановско „Диво Насеље“
Денеска се навршува една деценија од вооружената престрелка во кумановско „Диво Насеље“, во која загинаа осум припадници на безбедносните сили, кои посмртно се одликувани со медали за храброст. Во антитерористичката акција имаше и 37 повредени припадници на безбедносните сили.
-
Македонија 09.05.2025 08:47
ОЈО: Извршен увид по пукање со огнено оружје во Штип
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ноќеска вршеше увид на локација во кафе бар каде едно лице беше лишено од живот со истрели од огнено оружје.
Напаѓачот и жртвата се идентификувани и станува збор за странски државјани.
-
Македонија 09.05.2025 08:36
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со грмежи.
-
Македонија 08.05.2025 22:44
Пукање во центарот на Штип, едно лице е повредено
Во центарот на Штип, вечерва имало пукање, во угостителски објект лоциран на плоштадот. А едно лице се бори за живот. Според првичните информации, едното лице имало нож со себе, а другото пиштол.










