Навршија 40 дена од трагедијата во Кочани. Повредените во пожарот закрепнуваат. 44 пациенти сè уште се во странство, но, процесот на рехабилитација нема да биде лесен.
Елена Георгиевска известува.
Навршија 40 дена од трагедијата во Кочани. Повредените во пожарот закрепнуваат. 44 пациенти сè уште се во странство, но, процесот на рехабилитација нема да биде лесен.
Елена Георгиевска известува.
Денешната седница во Собранието е резервирана за пратенички прашања. Ваква пленарна седница вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот.
Известува Марина Стојанова-Тонева.
Таравари сака да остане дел од владата, но остава одлуката да ја донесе премиерот Мицкоски. Tој останува на ставот, на изборите да одат со сопствени советнички листи – од доскорешните партнери од „Вреди“ побара разум, а не емоции.
Викторија Милевска известува.
НАТО и ЕУ да обрнат внимание на иницијативите за воени сојузи меѓу земји-членки на Унијата и сојузот со други земји.
По одлуката на Таравари на локалните да излезе со сопствени советничките листи, што „Вреди“ го протолкува како самоисклучување од коалицијата, нема промена во распределбата на силите во законодавниот дом.
Во странство се лекуваат 44 повредени од пожарот од Кочани, информираше денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Најави дека една пациентка ќе се врати утре.
Пациентите се во стабилна состојба, а останатите од 193 се лекуваат во домашни услови.
Нарушеното ментално здравје на децата и младите е во пораст, лани три деца имале мисли за самоубиство, годинава само во првото тримесечје има пет такви случаи, алармираат од Првата детска амбасада „Меѓаши“.
Вчера во рамки на активностите на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, а во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа издадени 865 платни налози, информираат од МВР.
Во рамките на иницијативата „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска ја посети Општина Зелениково, каде што одржа работна средба со градоначалникот Коста Маневски и членовите на општинскиот Совет.
Успешно заврши проектот за скрининг на тироидната жлезда кај учениците од деветто оделение во сите основни училишта во Општина Аеродром.