Полициски службеници од СВР Скопје денеска го лишија од слобода М.Р.(26) од Скопје затоа што околу 13.50 часот на бул. “Партизански одреди” во Скопје со патничко возило “ауди” со скопски регистерски ознаки, удрил во малолетен пешак и малолетник кој туркал велосипед.
-
Македонија 24.03.2025 18:42
-
Македонија 24.03.2025 18:15
Вонредни инспекции во јавни и станбени објекти
Вонредни инспекции на јавни и станбени објекти во сите општини во Македонија. Први за проверка се училиштата, градинките, спортските објекти и сите останати каде што најмногу престојуваат млади лица, информира градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.
-
Македонија 24.03.2025 17:59
16 пациенти повредени во дискотеката во Кочани одат на домашно лекување
16 пациенти повредени во дискотеката во Кочани ќе заминат дома. Направените анализи потврдиле дека се во добра здравствена состојба. Неделава треба да се вратат и 8 пациенти од странство.
-
Македонија 24.03.2025 17:47
СДСМ: Кривични пријави против полициски службеници, ако се утврдат пропусти во постапката со кочанската дискотека
Опозициската СДСМ обвинува за селективна правда и за пропусти на МВР во трагедијата во Кочани. Ниеден од командирите, инспекторите, и раководството на БЈБ и МВР во ОВР Кочани и СВР Штип, кои морале да знаат што се случува, не се во притвор.
-
Македонија 24.03.2025 17:31
Мицкоски: Ги оправдувам протестите, но не и политичките глодари
Продолжува истрагата за пожарот во дискотеката во Кочани. Проширениот тим на обвинители собира нови докази. Во судот се одлучува по жалбите за притворите на дел од осомничените. Премиерот Мицкоски има разбирање за протестите, но не и за политичките глодари.
-
Македонија 24.03.2025 17:09
Митева: 116 вонредни надзори на угостителски објекти, на 15 им се одземени лиценци
Изминативе денови се направени вкупно 116 вонредни надзори врз основа на Законот за угостителска дејност, информираше денеска владината портпаролка Марија Митева. Преземени се повеќе чекори.
-
Македонија 24.03.2025 16:54
ЕУ исплати 52,4 милиони евра на земјава за реформи
Условите за продолжување на преговорите со ЕУ се утврдени со преговарачката рамка, но изразуваме загриженост дали ќе има нови по уставните промени, изјави министерот за европски прашања Орхан Муртезани.
-
Македонија 24.03.2025 16:44
Манев: Да знаев дека Палевски носи оружје, немаше да бидам тука
Судскиот процес за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжи со искази на обвинетите Велибор Манев и Боре Видевски.
-
Македонија 24.03.2025 16:32
Над 54 милиони денари собрал Црвениот крст за семејствата на загинатите и повредените
Над 54 милиони денари се собрани досега преку Црвениот крст кои деновиве би требало да им бидат исплатени на семејствата на загинатите и повредените во пожарот во Кочани. Во првата фаза ќе бидат исплатени 36 милиони денари, линеарно, по 150 000 денари за сите настрадани.
-
Македонија 24.03.2025 16:05
Вооружено лице застрела службеничка во Центарот за социјални работи во Прилеп
Вооружено лице застрелало службеничка во просториите на Центарот за социјални работи во Прилеп. Пренесена е во болница каде што и е извршен оперативен зафат. Според првичните информации таа е во стабилна состојба.










