-
Македонија 20.03.2025 13:25
Во Кочани погребна церемонија за жртвите од пожарот
На градските гробишта во Кочани се погребуваат триесетина загинати од пожарот во дискотеката што се случи во неделата рано наутро. Погребите ќе ги предводи поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан, заедно со неколку владици од Синодот. -
Македонија 20.03.2025 13:23
Облешево се простува со настраданите од пожарот во Кочани
Најблиските денеска се простуваат со жртвите од пожарот и во општина Чешиново-Облешево. Од Општината Чешиново-Облешево има 7 мина починати. Тажен ден за целата македонска јавност.Петар Печков за погребната церемонија во ова населено место. -
Македонија 20.03.2025 13:09
Музичкото училиште од Струмица со последна почит кон младиот музичар
Со аплауз и песна вработените од музичкото училиште „Боро Џони“ од Струмица, го испратија својот колега Џоко Ѓеоргиев кон вечниот дом.
-
Македонија 20.03.2025 12:59
Последно збогум за петмината штипјани
Последно збогум за петмината штипјани денес на градските гробишта. Река народ се простува од трагично загинатите во трите православни храмови и на нивните вечни почивалишта.
-
Македонија 20.03.2025 12:37
ЗНМ: Медиумите да се придржуваат кон протоколот и да покажат одговорност при известувањето
ЗНМ потсетува дека известувањето од денешниот погреб мора да биде во согласност со претходно утврдениот протокол и со основните принципи на професионалната етика.
-
Македонија 20.03.2025 12:25
Објавена возраста на жртвите од пожарот во Кочани
Основното јавно обвинителство информираше за возраста на трагично загинатите 59 лица во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Податоците се доставени до ОЈО од Институтот за судска медицина. Во големата трагедија животот го загубија и шест малолетни лица на возраст од 16 и 17 години.
-
Македонија 20.03.2025 12:11
Последно збогум за жртвите од пожарот во Кочани
На градските гробишта во Кочани се погребуваат загинатите од пожарот во дискотеката што се случи во неделата рано наутро. Погребните церемонии ќе ги предводи поглаварот на Македонската православна црква- Охридска архиепископија г.г. Стефан, заедно со неколку владици од синодот.
-
Македонија 20.03.2025 11:38
Муцунски во Загреб се заблагодари на Хрватска за понудената помош
Шефот на накедонската дипломатија Тимчо Муцунски утрово го посети Загреб, каде што се наоѓаат пет повредени во страотниот пожар во Кочани, во кој животот го загубија 59 лица, а 176 се повредени.
-
Македонија 20.03.2025 11:29
Пожар зафатил кровна конструкција на напуштени објекти во поранешната касарна во Куманово
Пожар зафатил кровна конструкција на напуштени објекти во поранешната касарна „Христијан Тодоровски Карпош“ во населбата Бедиње во Куманово, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.
-
Македонија 20.03.2025 11:04
Возачот на Итната помош Иле Гоцевски ќе биде постхумно одликуван
Возачот на Итната медицинска помош кој почина по трагичната несреќа во Кочани, а превезе голем број пациенти ќе биде постхумно одликуван, најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.










