-
Македонија 07.02.2025 13:41
Доделување социјални станови во Велес
Доделени станови на социјално ранливите семејства во општина Велес. Колку семејства од социјален ризик добија клуч на рака.Петар Печков известува. -
Македонија 07.02.2025 13:40
Пратениците од власта поднесоа интерпелација за членовите на Судскиот совет избрани од Собранието
ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа интерпелација за работата на 5-те членови на Судскиот совет кои ги избира Собранието. Побарана поддршка од сите опозициски партии. Неодамна владејачкото мнозинство не го прифати извештајот за работата на Судски за 2023.
-
Македонија 07.02.2025 13:31
Јавна расправа за безбедност во сообраќајот
Во собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците јавна расправа за потребата од измени на законската регулатива. Целта е зајакнување на безбедноста во сообраќајот. Иницијативата следува по случајот на Фросина Кулакова.
-
Македонија 07.02.2025 13:24
Ново рочиште за двојното убиство, сослушан сведокот Гоце Трајковски
Во Скопскиот кривичен суд ново рочиште за убиствата на Вања и на Панче. Сослушан сведокот Гоце Трајковски, кој до неодамна беше во бегство. -
Македонија 07.02.2025 13:19
Филков: Зголемување на казните за возачите кои ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот
Министерството за правда смета дека постои сериозна потреба за понатамошно разгледување и анализа на постојната законска регулатива. Фокусирани сме на утврдување на можни измени и дополнувања во законите, кои ќе придонесат за значително зајакнување на безбедноста на патиштата.
-
Македонија 07.02.2025 13:17
Лажни дојави за бомби во три училишта во Прилеп
Дојава за бомби и во три училишта во Прилеп. Дали МВР направи проверки, се вратија ли учениците на настава, во Дневникот известува Елизабета Митреска.
-
Македонија 07.02.2025 13:16
Лажни дојави за бомби во повеќе училишта во земјава
Лажни дојави за бомби повторно испразнија училишта во земјава. Учениците привремено беа евакуирани, а откако МВР изврши безбедносни, наставата продолжи.
Известува Ирина Гелевска.
-
Македонија 07.02.2025 12:58
34-годишен маж силувал дете во Тетово, определен е притвор
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 34-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години, казниво според член 188 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 07.02.2025 12:55
Седница на Советот на јавни обвинители, отфрлена жалбата на Цветановски
Советот на јавни обвинители едногласно ја отфрли жалбата на вишиот јавен обвинител Јован Цветановски против државниот обвинител Коцевски.
-
Македонија 07.02.2025 12:54
Приведен велешанец, пронајдени 11 килограми опиум
Вчера во 16 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода З.К.(54) од Велес.










