Утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи од-7 до 1, а максималната ќе достигне 4 до 12 степени.
Утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи од-7 до 1, а максималната ќе достигне 4 до 12 степени.
Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски заедно со министерот за локална самоуправа Златко Перински ќе присуствува во Клуб на пратеници на работен појадок на кој ќе се разговара за серија теренски посети на општините низ Македонија наречени „Каде срцето
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, дводневната работна посета на Брисел ја заокружи со средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос. Во фокусот на разговорот беа реформските напори на земјата во контекст на европското досие и Планот за раст на Западен Балкан.
Кривична пријава за четири кривични дела заработи ексдиректорот на владината Служба за општи и заеднички работи. Пеце Мирчевски се товари за поткуп, фалсификување службена исправа, проневера и несовесно работење во службата додека бил на функција.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова прими делегација на Македонската алијанса за европска интеграција од Република Албанија, предводена од нејзиниот претседател, Васил Стерјовски.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица на возраст од 26 и 24 години, осомничени за кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 од Кривичниот законик, како и за еден 26-годишник осомничен за помагање при извршување на
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими директорот на Националната установа „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски.
Поднесени се уште шест кривични пријави за девет лица до Основното јавно обвинителство заради вршење криминални дела со употребувани возила, при што е нанесена директна штета врз Буџетот од 635.827 денари. Во еден случај вмешан е и царински службеник за кој е изготвено отказно решение.
Следува период на стабилно и суво време со студени утра, на повеќе места со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината.
Утре минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1 степен, а максималната од 3 до 12 степена.
Мисајловски му посака добредојде на амбасадорот Палминтери и му порача дека Министерството е целосно посветено на развојот на македонско – италијанската одбранбена соработка како соработка помеѓу две сојузнички земји во НАТО.