Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, известуваат утрово од АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла има на планинските превои Стража 80 м., Ѓавато 100 м., Маврово 80 м. и Плетвар 80 м.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, известуваат утрово од АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла има на планинските превои Стража 80 м., Ѓавато 100 м., Маврово 80 м. и Плетвар 80 м.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на поставување на камен темелник за надградба на ООУ „Ацо Шопов“ во населба Радишани, Општина Бутел.
Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Министерството и Бирото за развој на образованието за прв пат годинава изработија програма за учениците од седмо до деветто одделение, според која секој ученик е обврзан да учествува во општествено корисни активности со вкупно 30 саати годишно.
Министерството за спорт на Република Македонија и Министерството за спорт на Република Србија денеска во Белград го потпишаа меморандумот за соработка, кој ќе придонесе за зајакнување на пријателските односи меѓу двете земји преку спортот.
Новиот топловод под мостот Беласица од ноќеска целосно е ставен во функција, обезбедувајќи стабилна и сигурна испорака на топлинска енергија.
Денеска се одржа првата од серијата стручни дебати за нацрт измените и дополнувањата на Законот за Судскиот совет подготвени од страна на работната група формирана од Министерството за правда.
Во поширокиот дебарски регион, по обилните дождови во изминатите два дена, се појавија мали, но чести одрони на влажните патишта. Заради тоа, се препорачува внимателно возење.
Денеска, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев учествуваше на кондиционен марш, организиран од страна на припадниците на Единицата за брзо распоредување.
Над 110 контроли, од кои 13 вонредни, направил Инспекторатот за животна средина. Директорката Ивана Гиновска за МТВ вели дека се презема строга контрола на најголемите загадувачи низ Македонија.