Во Македонија денеска наутро е студено со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Преку денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.
-
Македонија 18.11.2024 08:04
-
Македонија 17.11.2024 19:45
Делови од Говрлево и околината во Општина Сопиште утре без струја
Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа утре, без напојување со електрична енергија ќе остане дел од корисниците во Општина Сопиште, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН.
-
Македонија 17.11.2024 18:06
Заталкан куршум заврши во плафон во продажен објект во Чаир
Во СВР Скопје, Х.А.(38) од с. Љуботен, скопско, пријавила дека на 15.11.2024 околу 14.30 часот, додека била на работното место во продажен објект на подрачјето на Чаир во Скопје, паднало заталкано зрно од огнено оружје и го оштетило плафонот.
-
Македонија 17.11.2024 17:47
Утре ќе се одржи заедничка седница на владите на Македонија и Косово
Утре во Приштина ќе се одржи меѓувладина седница меѓу Македонија и Косово.
Настанот ќе започне со тет-а-тет средба помеѓу премиерите Христијан Мицкоски и Албин Курти во 11:20 часот, по што во 12:00 часот ќе следи официјалната седница.
-
Македонија 17.11.2024 16:17
Деца искршиле багер во Капиштец, Герасимовски повикува на свест и одговорност
Во паркот во Капиштец, малолетни лица обиле багер, го ставиле во функција и предизвикале штета на паркирано возило. Дополнително, уништени се каблите за системот за наводнување и направена е значителна материјална штета.
-
Македонија 17.11.2024 16:08
Приведен крадец на електричен тротинет во Скопје, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот
На 16.11.2024 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(31) од Скопје поради сомнение дека на 09.11.2024 во трговски центар на подрачјето на Чаир одзел електричен тротинет, сопственост на И.Ш. од Скопје.
-
Македонија 17.11.2024 16:02
Загадениот воздух и возраста ризик фактори за предвремено породување
Во моментот повеќе девојчиња, отколку момчиња. 45 предвремено родени бебиња се згрижени во инкубатори на Клиниката за гинекологија и акушерство. Во моментов едно од бебињата повеќе од четири месеци е тука, но имало случаи кога шест месеци биле на ГАК.
-
Македонија 17.11.2024 14:39
СВР Скопје расчисти убиство во обид, поднесена е кривична пријава против едно лице
На 15.11.2024 во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје го лишиле од слобода А.И.(46) од Скопје.
-
Македонија 17.11.2024 14:07
Министерот за дигитална трансформација во посета на Естонија
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, во наредните три дена ќе оствари работна посета на Талин, Естонија.
-
Македонија 17.11.2024 13:31
Светски ден на предвреме родени бебиња
Од 4 илјади породувања годишно на Клиниката за гинекологија и акушерство, над 650 се предвремено родени бебиња. За разлика од порано кога стапката на смртноста била 21 процент, таа сега се движи околу 6 проценти што е во рамките на европскиот просек.










