Денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне ќе има повремени врнежи од дожд, наместа пообилни проследени со појава на ретки грмежи и засилен ветер.
-
Македонија 06.10.2024 08:40
-
Македонија 05.10.2024 21:28
Едно лице е повредено во пукање во Чаир
Едно лице е повредено во пукање што вечерва се случило во Чаир, во близина на супермаркетот „Веро“, пренесуваат повеќе медиуми.
Пукањето се случило на крстосницата на улиците „Џон Кенеди“ и „Цветан Димов“, а од огнено оружје е повредено лице со иницијали А. Б.
-
Македонија 05.10.2024 19:39
Се модернизира граничниот премин Деве Баир
Се модернизира граничниот премин со Бугарија, Деве Баир, со што ќе се овозможи подобро регионално поврзување и подобрување на трговските врски со останатите држави.
-
Македонија 05.10.2024 18:38
Работниците очекуваат нов закон за работни односи
Од актуелната власт големи очекувања имаат и работниците и стопанствениците. Компаниите реагираат на доцнењето на повратот на ДДВ. Директорката на УЈП вели дека се врши контрола на барања од пред четири години.
-
Македонија 05.10.2024 17:54
АХВ препорача механички да се исчисти филтер станицата и резервоарите во Струмица
Агенцијата за храна и ветеринарство му наложи на струмички Комуналец да спроведе механичко чистење и хиперхлорирање на водата од целиот систем.
-
Македонија 05.10.2024 17:12
Мицкоски: Сакаме решение, уцени не прифаќаме
Сакаме решение кое ќе биде достоинствено. Уцени и ултиматум не прифаќаме, а нашата цел е јасна, истакна премиерот Мицкоски по реакцијата на бугарското МНР дека процесот на евроинтеграции се заснова на сопствените заслуги и не дозволува посредување меѓу Европската Унија и земја-кандидат.
-
Македонија 05.10.2024 17:03
Почина 14-месечно девојче на Детска клиника
Надлежните институции ќе проверуваат, дали има пропусти при лекувањето на 14-месечното бебе кое почина на Детската клиника со тешка респираторна инфекција.
-
Македонија 05.10.2024 16:05
Пирамидалната шема „Конти“ ги „олесни“ џебовите на македонските граѓани, Тошковски апелира на внимателност
Пирамидалната шема „Конти“ за брза заработка ги „олесни“ џебовите на над 10.000 македонски граѓани. Засега ниту еден непријавил во МВР дека бил жртва на измама, информираше министерот Тошковски кој изрази загриженост за ваквиот вид криминал поврзан со потенцијална инвестиција.
-
Македонија 05.10.2024 15:02
За 80 проценти зголемена нега за други лица во Прилеп
За 80 проценти е зголемен бројот на корисници за помош и туѓа нега. И не само за стари над 65 години. Старосната граница се намалува, заболувањата и кај стари и кај помлади, се зголемуваат.
-
Македонија 05.10.2024 12:51
Дали авторитетот на наставниците во традиционална смисла слабее?
Односот ученик просветен работник, некогаш и денес. Станува ли најблагородната професија, најнеблагодарна? Го губат ли авторитетот просветните работници кај своите ученици и зошто?










