Македонското МНР го осуди го осуди ирански ракетен напад врз Израел, како и терористичкиот напад во Тел Авив, при што беа убиени шест цивили.
-
Македонија 02.10.2024 09:47
-
Македонија 02.10.2024 09:37
Обвинение за несовесно работење против градоначалникот на Струга
Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против службено лице – градоначалник на Општина Струга за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 02.10.2024 09:20
Претседателот Иванов и Бан Ки-мун ја отворија јубилејната 15-та Школа за млади лидери
Вчера започна јубилејната 15-та Школа за млади лидери на претседателот Иванов која што ќе се одржува во следните две недели. Во периодот од 1-13 октомври 2024 година школата ќе се одвива комбинирано, онлајн и во Охрид.
-
Македонија 02.10.2024 09:02
Без вода дел од корисниците од Кисела Вода и Центар
Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска имаат планирано две интервенции во водоводната мрежа.
-
Македонија 02.10.2024 08:48
Седница на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите
Во Собранието за денеска е закажана седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите.
Единствена точка на дневен ред е Предлог-одлука за одржување јавна расправа на тема: „Родова еднаквост на жените од руралните средини преку нивна инклузија на пазарот на труд“.
-
Македонија 02.10.2024 08:46
Меѓународна конференција „ЕНЕРГЕТИКА 2024“
Во Струга од денеска до 4-ти октомври ќе се одржува Меѓународната конференција „ЕНЕРГЕТИКА 2024“, чија цел е споделување и размена на искуства и планови од областа на енергетиката на регионално и глобално ниво.
-
Македонија 02.10.2024 08:41
Седница на Уставен суд
Уставниот суд денеска ќе ја одржи 26-тата седница.
На дневен ред се четири иницијативи за оценување на уставност и законитост, шест предлози за одлучување по нацрт-одлуки и седум нацрт-решенија.
-
Македонија 02.10.2024 08:33
Во Собранието денеска 16-та седница
Во Собранието денеска треба да започне 16. седница на која на дневен ред има повеќе одлуки и закони. На предложениот дневен ред се и одлуките за усогласување на составот на Државната изборна комисија (ДИК), како и за избор на нови членови на Комисијата.
-
Македонија 02.10.2024 08:32
Сообраќајот се одвива по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информираат утрово од АМСМ.
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 02.10.2024 08:05
Наутро студено, преку ден сончево до 25 степени
Времето денеска ќе биде студено во текот на утрото, а преку ден сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната од 19 до 25 степени.










