Во организација на Здружението на граѓани „Младите можат“ денеска во Скопје ќе се одржи тркалезна маса за образование за ментално здравје, на која ќе се обрати министерката за образование и наука Весна Јаневска.
-
Македонија 03.10.2024 08:50
-
Македонија 03.10.2024 08:49
Затворен за сообраќај магистралниот пат Битола- Прилеп поради сообраќајка
Од АМСМ известуваат дека е случена сообраќајна незгода во осум часот на магистралниот пат Битола-Прилеп, кај клучка „Лагово“.
Патот е затворен за сообраќај.
-
Македонија 03.10.2024 08:40
Мицкоски и Таравари во посета на поликлиниката „Идадија“, инсталиран нов апарат за магнетна резонанца
Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Арбен Таравари денеска ќе ја посетат поликлиниката „Идадија“, каде е инсталиран нов апарат за магнетна резонанца.
-
Македонија 03.10.2024 08:36
Уставен ќе го разгледа барањето на Апасиев за дискриминација од Џафери
Уставниот суд денеска ќе одржи јавна расправа по барањето на лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев против поранешниот претседател на Собранието Талат Џафери.
-
Македонија 03.10.2024 08:30
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, инфомрираат од АМСМ.
-
Македонија 03.10.2024 08:28
Во Собранието седници на три комисии
Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за финансирање и буџет, Законодавно-правната комисија и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
-
Македонија 03.10.2024 08:25
29 години од атентатот на претседателот Киро Глигоров
29 години од атентатот врз поранешниот македонски претседател Киро Глигоров. И покрај ветувања дека нарачателите и извршителите ќе бидат пронајдени, досега нема никакви конкретни резултати.
-
Македонија 03.10.2024 08:24
Гаши во Анкара на тет-а-тет средба со Нуман Куртулмуш
Парламентарната делегација предводена од претседателот на Собранието Африм Гаши, денеска ја продолжува посетата на Анкара, Турција.
-
Македонија 03.10.2024 08:21
Продолжение на 16-тата собраниска седница
Собранието денеска треба да го одржи продолжението на 16-тата седница на чиј дневен ред има уште три неразгледани точки.
-
Македонија 03.10.2024 08:18
Претпладне сончево, попладне повремен локален дожд
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови облачноста ќе се зголеми, а во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.










