По прогласување на епидемијата од пертусис во Куманово, делумно е зголемен интересот за имунизација. Од здравствениот дом информираат дека продолжуваат да ги повикуваат родителите да се вакцинираат со дитепер вакцината.
-
Македонија 18.09.2024 10:40
-
Македонија 18.09.2024 10:06
Втор ден од вториот уписен рок на УКИМ
А, во земјава, втор ден од вториот уписен рок на најстариот универзитет во земјава, „Свети Кирил и методиј“. Има слободни места. Потполнети се само на Архитектонскиот и на Медицинскиот факултет. Годинава голем интерес за изучување на психологијата.
-
Македонија 18.09.2024 09:58
Лишен од слобода разбојник во Скопје поради извршени разбојништва во обложувалници
На 17.09.2024 во 18.30 часот во Скопје, во Старата скопска чаршија, инспектори од ОКР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје го лишија од слобода С.А.
-
Македонија 18.09.2024 09:14
Мицкоски ќе присуствува на започнување на доградба на ООУ „Блаже Конески“
Денеска 18.09.2024 година (среда) со почеток во 10:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на започнување на доградба на ООУ „Блаже Конески“ во населено место Мичурин, Општина Аеродром.
-
Македонија 18.09.2024 09:10
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 18.09.2024 08:33
Одложена седницата на Комисијата за историски прашања со Бугарија
Одложена седницата на Комисијата за историски прашања со Бугарија, која беше закажана за денеска. Нема да се одржи поради промената на составот. Првата средба на Комисијата во нов состав се очекува во наредните една или две недели.
-
Македонија 18.09.2024 08:26
Балансерот на дневен ред на седницата на Уставен
Предметот за балансерот кој е оформен по поднесена иницијатива од стариот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата, денеска на дневен ред на седницата на Уставниот суд.
-
Македонија 18.09.2024 08:12
Лиценци за проценители на тутун
До 30-ти септември трае пријавувањето за полагање на испитите за добивање на лиценци за проценка на тутунот.
Кандидати мора да посетуваат обука во октомври и да добијат потврда од Институтот за тутун во Прилеп.
-
Македонија 18.09.2024 08:07
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови, наместа поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
-
Македонија 17.09.2024 21:07
Службените автомобили на функционерите ќе добијат регистарски таблички со посебна боја
На денешната владина седница донесена е одлука, службените коли на Владата, министерствата и на државните институции да имаат регистарски таблички во боја, со цел полесно да бидат забележани од граѓаните.










